ВАШИНГТОН - Белците до 2042 година повеќе нема да бидат мнозинство во Америка, според новите владини проекции. Тоа е осум години порано од претходните процени, направени во 2004 година. Нацијата со децении станува се' поразнолична, но процесот се забрза со имиграцијата и високата стапка на наталитет меѓу малцинските заедници, особено кај Хиспанците. Исто така, и старее. „Белата популација е постара и многу поконцентрирана околу стареењето на генерацијата кога се случи големото зголемување на наталитетот кои веќе ги минаа најплодните години“, вели Вилијам Фреј, демограф во институтот „Брукингс“, истражувачки центар од Вашингтон. „Иднината на Америка е олицетворена од младите луѓе денес. Тие во основа се мешавина што ќе ја видиме во иднина“.
Бирото за попис на населението вчера излезе со проекции за населението до 2050 година, базирани на стапката на наталитет, морталитет и имиграција. Тие се предмет на големи ревизии, кои зависат од имиграционата политика, културните промени и природните или катастрофите предизвикани од човекот. Во САД денес живеат речиси 305 милиони луѓе. Проекциите се дека населението во 2039 година ќе достигне 400 милиони, а во 2050 година 439 милиони луѓе. Тоа е како да се придодадат сите жители на Франција и на Британија, вели Стив Камората, раководител на истражувањето во Центарот за имиграциски студии, група од Вашингтон што се залага за построга политика спрема имиграцијата.
Белите не-Хиспанци сочинуваат околу две третини од населението, но само 55 отсто од нив се помлади од пет години. До 2050 година белците ќе сочинуваат 46 отсто од населението, додека пак црнците ќе бидат 15 отсто, релативно мало зголемување во однос на денешната бројка. Хиспанците, кои сочинуваат околу 15 отсто од денешното население, а нивниот број во 2050 година ќе изнесува 30 отсто, според новите проекции. Азијците, кои сочинуваат околу пет отсто од населението, според проекциите ќе достигнат девет отсто до 2050 година. Во нив уште се наведува дека бројот на населението од 85 години и постаро тројно ќе се зголеми до 2050 година, и ќе изнесува 19 милиони. (Асошиетед прес)
Edvaj cekam da go vidam toj den. Togash svetov ke zdivne od glupostite na amerikancive
Од: jimmy1
Датум: 15.08.2008 06:15:35
Odlicno, no treba i pobrzo. Barem nekoj ke se najde da im vrati za site zlodela sto gi pravat vo svetov. Ionaka tie ne se amrikanci, tuku poranesti britanski zatvorenici.
Од: Македонски Американец
Датум: 15.08.2008 07:28:21
Може тогаш светот ќе здивне и од такви како тебе, Лефтерчо... Ограниченоста на мислењето и знаењето е најголемата слабост што секоја индивидуа треба да ја надмине, Лефтерчо...Со среќа...
Од: isto de
Датум: 15.08.2008 15:28:49
Isto kako sto i Makedoncite stanuvaat malcinstvo vo Makedonija. Momentalno vo drzavava ima edvaj 55% Makedonsko pravoslavno naselenie drugite 45% se ostanatite(Albanci, Turci, Vlasi, Srbi, Romi, Bosnjaci,Torbesi i td.) Ne im se smejte mnogu na Amerite ,glej te si za vas, tie sekoj den se poveke i poveke beli emigranti primaat vo Amerika(lotarija???),mislat oni ne se kako nas.