Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Свет

Олмерт не дава враќање палестински бегалци во Израел

Околу 700.000 лица, половина од арапско население на Палестина, беа протерани кога се формира Израел

ЕРУСАЛИМ - Премиерот Ехуд Олмерт му посочи на палестинскиот претседател Махмуд Абаз дека Израел нема да дозволи враќање на ниту еден палестински бегалец како дел од идниот договор за формирање држава, беше соопштено вчера од страна на кабинетот на Олмерт. Ова е едно ретките официјални соопштенија што беше објавено како одговор на извештаите дека Олмерт предложил прием на 2.000 бегалци годишно во текот на десет години како дел од договорот за формирање палестинска држава во поголемиот дел на окупираниот Западен Брег и целиот појас Газа. „Премиерот никогаш не понудил прием на 20.000 бегалци во Израел. Премиерот уште еднаш повтори дека според кој било иден договор нема да има враќање на ниту еден палестински бегалец во Израел“, соопштија од кабинетот на Олмерт.

Околу 700.000 лица, половина од арапско население на Палестина во мај 1948 година избега или беше протерано од своите домови кога се формираше Израел. Ако денес им се дозволи ним и на нивните семејства да живеат во Израел тоа ќе ја поткопа неговата природа како еврејска држава, посочува Израел. Додека Олмерт долго време го отфрлаше инсистирањето на Палестинците на правото на бегалците да се вратат од бегство како и на нивните наследници, чијшто број сега изнесува 4,5 милиони, израелски официјални лица изјавија дека тој е отворен за враќање на многу ограничен број како „хуманитарен“ гест. Најголемите палестински бегалски заедници се во Јордан, Сирија и Либан, како и во Западниот Брег и појасот Газа. (Ројтерс)

 


Статијата е прочитана 97 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Јеремиќ- Со резолуцијата добиваме запирање на признавањето на Косово
Белите Американци ќе станат малцинство во САД
Русија прифаќа решение што гарантира мир во Јужна Осетија
Словенечката амбасадорка во Босна претепана од сопругот
Рајс- Ова не е 1968 година!
Никола Саркози поентираше со медијаторството околу Јужна Осетија
Убиен шефот на демократите во Арканзас
Грузија ја напушти Заедницата на независни држави (НЗД)
Речиси 80 отсто Грци се „за“ вето за влегување на Турција во ЕУ
Хрватски бискуп со усташки поздрав

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.