Хрватски бискуп со усташки поздрав
Загреб – Хрватскиот претседател Стипе Месиќ изјави дека веројатно ќе интервенира во Ватикан поради однесувањето на бискупот Јуре Језеринац, воен свештеник, кој чита песна полна со омраза и завршува со усташкиот поздрав „За дом спремни”. Месиќ истакна дека Ватикан мора да поведе повеќе сметка за Језеринац, „дали неговото место е во политиката или во војската, која не признава политика”. Ова не е прв пат Месиќ да реагира на истапите на бискупот, пред минатите избори се закани со негова смена, откако Језеринац ги нарече „сатански” предизборните ветувања на Социјалдемократската партија. (Макфакс) |