Јеремиќ: Со резолуцијата добиваме запирање на признавањето на Косово
Белград- Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, изјави дека првата цел на иницијативата на Србија во ОН од Меѓународниот суд во Хаг да се побара став за легалноста на еднострано прогласената независност на Косово е да се запре признавањето на тој акт, а долгорочната цел е двете страни да се вратат на преговарачка маса, јави Танјуг.
- Краткорочната добивка ќе биде таа што веќе ниту една земја, која досега ја нема признаено едностраната независност на Косово, нема да го стори тоа додека судот го разгледува тоа прашање, изјави Јеремиќ за српски медиуми. (МИА)
|