Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Свет

Русија прифаќа решение што гарантира мир во Јужна Осетија

Претседателите Дмитриј Медведев, Сергеј Багапш и Едуард Кокојти ги потпишаа шесте принципи

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

„Русија ќе го поддржи кое било решение за идниот статус што ќе го прифатат народите на Јужна Осетија и Абхазија и ќе им биде гаранција за мирот“, рече Дмитриј Медведев во разговорот со своите колеги од Јужна Осетија и од Абхазија, Едуард Кокојти и Сергеј Багапш. Медведев нагласи дека Русија не ја промени својата позиција и понатаму ги поддржува Јужна Осетија и Абхазија и дека и понатаму ќе биде гаранција на мирот на Кавказ.

Претседателите Кокојти и Багапш, во присуство на Медведев, ги потпишаа шесте принципи што ги составија рускиот и францускиот претседател. Не сакајќи да влезе во директна полемика со претседателот на Америка, Џорџ Буш, кој во средата го критикуваше раководството во Москва, рускиот претседател Дмитриј Медведев вчера ги нападна државите што ја вооружуваа Грузија. „Како претседател на Русија, очекувам конструктивна позиција и од другите наши партнери, а тие само како да умеат да доставуваат оружје на Грузија“, изјави Медведев. Претседателот на Јужна Осетија, Кокојти, изјави дека вината за геноцидот на Осетијците ја имаат и САД и европските земји што ја вооружуваа Грузија.

Указот на украинскиот претседател Виктор Јушченко за тоа дека Русија треба да добие дозвола од Киев за влез и излез на нејзината црноморска флота во базата „Симферопољ“ на Крим предизвика остра реакција од Москва. „Тој указ е уште еден доказ за одолжената внатрешна криза во Украина. Сакаме таа украинска внатрешна криза да престане колку што може поскоро“, рече Сергеј Лавров.

Украинското Министерство за надворешни работи вчера повтори дека руските бродови може да се вратат на Крим само со согласност од Генералштабот на Украина. Во случај да не и' се даде дозвола, Русија треба да го усогласува решението со компетентни украински органи. Во Москва одлуката на Киев ја нарекуваат „сериозен антируски чекор“, кој е во спротивност со Договорот за пријателство меѓу двете земји.

Руското обвинителство вчера поведе кривична постапка против оние што убиваа граѓани на Русија во Јужна Осетија. Кривичната постапка е поведена според членот 357 од Кривичниот закон на Русија кој се однесува за извршен геноцид.

За собирање докази сега во Јужна Осетија работат повеќе од стомина иследници. Претставници на Грузија вчера соопштија дека руските војници не учествувале во грабежите во напуштениот град Гори. Началникот на полицијата на тој град, Александар Мајсуразе, изјави дека Русите го напуштиле тој град и дека армијата не носела ништо со себе. Со кражби во напуштените куќи се занимавале домашните крадци.


Статијата е прочитана 273 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Јеремиќ- Со резолуцијата добиваме запирање на признавањето на Косово
Белите Американци ќе станат малцинство во САД
Словенечката амбасадорка во Босна претепана од сопругот
Рајс- Ова не е 1968 година!
Никола Саркози поентираше со медијаторството околу Јужна Осетија
Олмерт не дава враќање палестински бегалци во Израел
Убиен шефот на демократите во Арканзас
Грузија ја напушти Заедницата на независни држави (НЗД)
Речиси 80 отсто Грци се „за“ вето за влегување на Турција во ЕУ
Хрватски бискуп со усташки поздрав

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.