Рајс: Ова не е 1968 година!
Русија не може да му се заканува на соседот, да го окупира, да ја собори власта и да помине неказнето за тоа
ВАШИНГТОН - „Ова не е ‘68“, рече недвосмислено американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на конференцијата за печат во Вашингтон, каде што Русија може да му се заканува на соседот, да го окупира главниот град, да ја собори власта и да помине неказнето за тоа. Таа рече дека работите се променети. Секако, САД имаат многу малку опции за одбивање на руските тенкови кога тие пред речиси 40 години влегоа во Прага. Меѓутоа, сегашната криза сугерира дека ниту сега нема да има лесно решение за Западот.
По големиот број проблеми сега, од „војната против тероризмот“, неширење на нуклеарното оружје, до нуклеарната закана од Иран, САД прават се' што е во нивна моќ во последниве неколку години, да постигнат партнерство со Москва. Зголемувањето на богатството, влијанието и довербата кај Русите, американските закани за изолирање на Москва почнаа да звучат малку празно. Па, засега поширокото прашање за американско-руските односи се става настрана, додека официјални лица од опкружувањето на претседателот го пренасочуваат фокусот на вниманието на тоа како да се сопрат проблемите во Грузија. Американската хуманитарна мисија опслужува голем број цели. Покрај хуманитарната мисија, Пентагон потврди дека ќе ги оценува се' поголемите воени потреби на Грузија по загубите што ги доживеа од страна на Русија. Тој веќе помогна да се прегрупираат и повторно обучат грузиските сили, во обезбедувањето пософистицирана воена опрема и во обновувањето на базите за да се исполнат стандардите на НАТО.
Секако, дека овие потези имаа голем удел во одлуката на Русија за потврдување на својот авторитет во регионот. Исто така, и за повторно проценување на неговите односи со Русија, Вашингтон повторно треба да размисли дали неговата политика за поддржување на независноста на Грузија беше во целост успешна и дали ќе може да ја продолжи истата политика на ист начин додека се' уште се обидува да постигне стратешко партнерство со Москва.
Секако, Русите веруваат дека САД се соочуваат со избор. „Во еден момент ќе биде потребно (за САД) да изберат меѓу поддршката на овој виртуелен проект (Грузија) и реалното партнерство (со Русија)“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Американскиот државен секретар, Рајс, го отфрли тоа како лажен избор и обвини некои во Русија враќање на деновите на студената војна. Меѓутоа, Русија не е сама во намерата да го утврди своето влијание. Северноатлантските сили се обидуваат да го направат истото тоа во стариот двор на Русија, а таа јасно одлучи дека тука е крајот. На крајот на краиштата, на само неколку месеци пред истекот на неговиот мандат, тоа е долгорочен проблем што претседателот Буш ќе му го остави на решавање на неговиот наследник. (Би-Би-Си) |