Рожман 28. на 100 м на Универзијадата
Единствената македонска атлетичарка на Универзијадата во Белград, Ивана Рожман, оствари 28 време во конкуренција на 47 пријавени натпреварувачки во трките на 100 метри. Рожман, вчера, се појави на тартанот на белградска „Маракана“, трчаше во третата група и во целта пристигна со време од 12:20 секунди. Тоа е за 16 стотинки послабо остварување од нејзиниот најдобар резултат сезонава и воопшто во кариерата. Рожман на Универзијадата во Белград е пријавена и за трките на 200 метри и во скок во далечина.
Денеска во српската престолнина настапат и останатите двајца наши претставници, пливачите Евгениј Поп Ацев и Сергеј Наумовски. (С.Д.) |