Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Роналдо го пречекаа повеќе од 80.000 полудени навивачи

Осигурувањето на „Сантијаго Бернабе беше како на ден на натпревар. На стадионот се собраа повеќе од 80.000 гледачи, а сигурни би влегле уште неколку илјади повеќе ако едната трибина не беше затворена. Причина претставување на најскапата инвестиција на „кралевите“, Кристијано Роналдо.

„Времето дојде, денес те примаме во новиот дом. Денес меѓу нас е Кристијано Роналдо“, изјави претседателот Флорентино Перез, кој дојде на теренот да го претстави Португалецот. Трибините еруптираа од одушевување. „Кристијано добре дојде на „Бернабе“. Те поздравуваме на тревата на која ја сковавме сојата легенда, те поздравуваме во Реал Мадрид“, додаде Перез и му го предаде микрофонот на видно возбудениот Португалец.

„Многу сум среќен што сум тука. Секогаш сакав да играм за Реал Мадрид. Ви благодарам на сите“, кажа најплатениот фудбалер не криејќи дека е импресиониран од пречекот.

„На своите пријатели им кажав дека ќе бидам природен на претставувањето, но не е лесно да се остане присебен. Навистина не очекував вака полн стадион“, посочи Роналдо.

Медиумите во Мадрид детално го следеа секој чекор на Роналдо, а „Марка“ дури направи директен текстуален пренос на дочекот. Роналдо во 11.30 часот влезе во авионот во Лисабон и полета за Мадрид каде го пречека автомобил, кој веднаш го однесе во болницата Ла Моралеја, каде успешно ги мина медицинските прегледи. Истовремено пред стадионот се собираа навивачи, иако вратите беа отворени во 19. часот.

Португалецот потоа замина во хотел, па на ручек со Хорхе Валдано како би го потпишал договорот. Во текот на денот бројот на обожаватели пред стадионот растеше. Делови од атмосферата пренесоа сите угледни светски медиуми, а дури и Си-Ен-Ен имаше директно вклучување од стадионот.

На „Бернаб��“ Роналдо беше пречекан од Еузебио, најголемата легенда на португалскиот фудбал, кој се согласи да го увеличи претставувањето на Роналдо, на повик на челниците на Реал. „Не можев да ја пропуштам шансата на својот наследник да му посакам добре дојде во Мадрид“, кажа Еузебио.

МанЧестер Ј. го купи талентираниот Габриел Обертан



Тренерот на Манчестер јунајтед Алекс Фергусон го купи еден од најталентираните француски фудбалери. Станува збор за 20 годишниот Габриел Обертан од Бордо, кој доаѓа на „Олд Трафорд“ за 10 милиони евра. Големиот потенцијал веќе успешно ги мина медицинските прегледи и потпиша четиригодишен договор. Овој фудбалер подеднакво добро се снаоѓа во средниот ред, а може да биде и многу офанзивен. За него беа заинтересирани и Арсенал, Челзи, Интер....

ОгуЧи ОниЈеву прво засилување за Милан



Милан го доби првиот нов играч, репрезентативецот на САД Огучи Онијеву, кој досега беше дел од средишниот дефанзивен ред на Стандард. Тој доаѓа во Милано без отштета, бидејќи му истече договорот со белгискиот клуб. Огучи ќе игра во друштво со Тиаго Силва, кој потпиша во јануари. За САД има 47 настапи во кои заби пет гола.

Хаос во Миланело, навиваЧите кршеа по тренинг кампот



Првиот ден по одморот фудбалерите на Милан ги дочека вжештена атмосфера. Навивачите во време на ручекот почнаа со агресивен протест. Стотина од нив кршеа се што ќе им дојде при рака, палејќи факели и пеејќи заканувачки песни за челниците и фудбалерите на Милан.

Главната зграда на Миланело беше бомбардирана со стаклени шишиња. „Ако се обиде некој да го спречи нашиот протест ќе заврши во болница со сериозни повреди“, порачаа подивените навивачи на повеќекратниот првак на Италија и Европа. По доаѓањето на полицијата ситуацијата се смири, но навивачите и натаму бараат одговори од Берлускони и Галијани, кои не успеваат да доведат вистински засилувања. Навивачите се незадоволни и од продажбата на Кака на Реал Мадрид. „Срамота, срамота, ние ви го даваме срцето, а вие не држите за к...ц“, пишуваше на транспарентот пред зградата на клубот.

Во тоа немирно опкружување беше претставен и новиот тренер Леонардо, а и новиот капитен Амбросини. „Нема да ги продадеме Пирло и Пато. Мора да се бориме со нелојалната конкуренција од Шпанија. Тамо играчите заработуваат 25 отсто повеќе поради законот и ние тука не можеме ништо. Верувам дека со навивачите ќе го воспоставиме оној стар однос. Се тргна на лошо по мечот со Ливерпул во Атина“, изјави потпретседателот Галијани.





Баерн му постави еден вид ултиматум на Реал М. Поточно Бавараците им јавија на мадриѓаните дека имаат само девет дена да уплатат 80 милиони евра на нивната сметка, ако сакаат да го добијат Франк Рибери. „Рибери е проблем за себе, но и за останатите во клубот и тренерот. Проблемот мора да се реши брзо заради мир во тимот“, изјави Ван Бомел.


Статијата е прочитана 701 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ренова ќе го дочека Динамо (М) во карантин
Стефановски сака со подиум да се прости од Охридски маратон
Еклстоун се извини за коментарите за Хитлер
Љупчо Неделковски
Рожман 28. на 100 м на Универзијадата
И третата етапа за Кевендиш, Армстронг трет севкупно
Мечот со Шпанија во Скопје во 22 ч.