Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Спорт

Мечот со Шпанија во Скопје во 22 ч.

По усмената потврда, вчера во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) стигна и писмена потврда од Фудбалската асоцијација на Шпанија за гостувањето на европскиот шампион на 12 август во Скопје. „Црвената фурија“ истовремено потврди и дека доаѓа во полн состав.

На барање на Шпанците, првенствено поради телевизискиот пренос за нивната земја, пријателскиот натпревар во Скопје ќе започне во 22 часот, но не е исклучена можноста стартот на мечот да биде нешто порано.

Во меѓувреме, градежното претпријатие „Бетон“ даде гаранции дека Северната трибина на Националната арена „Филип Втори“ ќе биде готова до 2 август, за кога е предвидено свеченото примопредавање. Официјалното пуштање во употреба на Северната трибина ќе биде токму за дуелот со најдобрата репрезентација на Европското фудбалско првенство што се одржа минатата година во Австрија и во Швајцарија. (С.Д.)


Статијата е прочитана 654 пати.

Испрати коментар

Од: Predrag Terzioski
Датум: 08.07.2009 18:59:07
A kaj se naodja nacionalnata arena Filip Vtori?

Најди! во Утрински
Спорт
Ренова ќе го дочека Динамо (М) во карантин
Стефановски сака со подиум да се прости од Охридски маратон
Фудбалски вести
Еклстоун се извини за коментарите за Хитлер
Љупчо Неделковски
Рожман 28. на 100 м на Универзијадата
И третата етапа за Кевендиш, Армстронг трет севкупно