Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Спорт

Еклстоун се извини за коментарите за Хитлер

Првиот човек на Ф1 ги ревидира изјавите за способноста на диктаторот да ги среди работите

Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун, се извини за величањето на способноста на Адолф Хитлер за „завршување на работите“, коментари што ја поттикнаа германската еврејска заедница да повика на бојкот на мотоспортот. Еклстоун (78) ги даде коментарите во интервјуто објавено во саботата во весникот „Тајмс“.

„Немам забелешки околу цитатот, токму тоа го кажав, но тоа не е тоа што мислев да го кажам“, напиша Еклстоун во вчерашниот број на „Тајмс“ во написот што го почна со зборовите: „Прво, извинување“.

„Тие што не ме знаат мислат дека ги поддржувам хитлеровите ѕверства. Тие, пак, што ме знаат ми забележаа колку сум бил неразумен што сум ги артикулирал моите поенти толку лошо што предизвикаа огромно недоразбирање“, вели тој.

Во написот Еклстоун ги ревидира своите забелешки околу Хитлер во обид да разјасни што се обидувал да каже.

„Во текот на 1930-тите Германија се соочи со економска криза, но Хитлер успеа повторно да ја изгради економијата, градејќи ги автопатиштата и германската индустрија“, напиша тој. „Тоа е се' што мислев кога се осврнав на неговата способност да ги заврши работите. Јас сум обожавател на добро водство, на политичари што држат до своите убедувања и што им ја кажуваат вистината на гласачите. Не сум обожавател на диктатори, кои владеат со терор“.

Германскиот Централен совет на Евреите повика тимовите на бојкот на Формула 1.

„Ниту еден тим не би требало да соработува со него повеќе. Бојкотот би бил повеќе од соодветен“, изјави потпретседателот на Советот, Дитер Грауман. Според него, Еклстоун е „или празноглав или неверојатно злонамерен, веројатно и двете“, ризикувајќи да ја одвози цела Формула 1 в ѕид.

Германските меди��ми пишуваат и дека Гинтер Етингер, премиер на јужната покраина Баден-Виртемберг, ја откажал планираната средба со Еклстоун на маргините на Големата награда на Германија што ќе се вози в недела во Нирбургринг токму поради неговите коментари за Хитлер.


Статијата е прочитана 251 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ренова ќе го дочека Динамо (М) во карантин
Стефановски сака со подиум да се прости од Охридски маратон
Фудбалски вести
Љупчо Неделковски
Рожман 28. на 100 м на Универ��ијадата
И третата етапа за Кевендиш, Армстронг трет севкупно
Мечот со Шпанија во Скопје во 22 ч.