Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Спорт

И третата етапа за Кевендиш, Армстронг трет севкупно

Британецот Марк Кевендиш по втората победи и во третата етапа на Тур де Франс, а седумкратниот освојувач Ленс Армстронг се искачи на третото место во вкупниот поредок. Кевендиш беше побрз во спринтот од Норвежанецот Тор Хусховд по извозените 196,5 км од Марсеј до Ла Гранде Моте, а трет заврши Французинот Сирил Лемоан.

Швајцарецот Фабијан Канчелара од тимот на Саксо банк ја задржа жолтата маичка со предност од 33 секунди во однос на второпласираниот севкупно Тони Мартин од Германија и 40 сек. пред Армстронг. Топ-фаворитот Алберто Контадор, кој се најде зад членовите на тимот на Колумбија на Кевендиш при крајот на етапата, падна на четвртото место во генералниот пласман, заостанувајќи 59 секунди зад лидерот.

Групата се подели на два дела 40-тина километри пред целта по ненадејното бегство на возачите на Колумбија што ги изненади сите, вклучувајќи го и Контадор. Од фаворитите само Армстронг, кому ова му е прв Тур де Франс по 3,5-годишна пауза, беше во челната група од 25 велосипедисти.


Статијата е прочитана 100 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ренова ќе го дочека Динамо (М) во карантин
Стефановски сака со подиум да се прости од Охридски маратон
Фудбалски вести
Еклстоун се извини за коментарите за Хитлер
Љупчо Неделковски
Рожман 28. на 100 м на Универзијадата
Мечот со Шпанија во Скопје во 22 ч.