Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Дванаесет убиени во напад на шиитска џамија во Ирак

БАГДАД – Напаѓач-самоубиец уби 12 лица и повреди најмалку 20 во напад врз шиитска џамија за време на вчерашните петочни молитви, јави ирачката полиција. Според информациите, нападот се случил во градот Мусајиб, 80 километри јужно од главниот град Багдад.

Нападот се случи еден ден откако ирачкиот парламент го поддржа договорот со кој се регулира идното присуство на американските војници.

Околу 9.000 луѓе протестираа во багдадскиот кварт попознат како Садр сити, по петочните молитви, палејќи американски знамиња и носејќи плакати со порака: „Не, не за договорот“. Околу 2.500 лица протестираа во Басра.

Според договорот американските војници ќе ги напуштат ирачките улици до средината на 2009 година, а целосно ќе се повлечат од Ирак до крајот на 2011 година. На безбедносниот договор силно се спротивставија приврзаниците на шиитскиот свештеник Моктада ал-Садр кој наводно прогласил тридневна жалост по гласањето. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 76 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Битка од соба во соба во хотелот во Мумбаи
Убиени заложниците-Израелци
Договорот за ЕУЛЕКС само ја потврдува поделеноста на Косово
Пратеник давал „службени податоци“ на медиумите
Заткулисни комбинации пред утрешните парламентарни избори во Романија
Буш помилува две мисирки за Денот на благодарноста
Почина најстариот жител на планетата
Безредија по убиства на цивил
Бејрут прв воспостави врски со Палестина
Либериски брод киднапиран од пирати
Премиерот преговара со демонстрантите
Германците уапсени во Косово биле агенти на БНД
Задоволен што нема покани за Украина и за Грузија во НАТО