Убиени заложниците-Израелци
Командантот на специјална единица што ги истера милитантите од хотелот „Таџ Махал“ изјави дека видел 12-15 тела во една собa
Индиските командоси убија двајца исламски напаѓачи во Израелскиот центар во Мумбаи, но не успеаја да ги спасат двајцата заложници, кои изгледа се убиени.
„Успеавме да неутрализираме двајца терористи“, изјави шефот на индиската национална гарда Џ.К. Дат. „Заедно со телата на комунистите најдовме уште две тела. Тие тела изгледа им припаѓаа на заложниците“.
Висок дипломат на Израел во Мумбаи изјави вчера дека сите пет израелски заложници се убиени. Милитантите ги држеа заложниците, вклучувајќи израелски рабин и неговата сопруга, во центарот речиси 48 часа. Израелската служба за спасување, водена од ортодоксни Евреи, во соопштението информираше дека биле испратила свои луѓе во Мумбаи да помогнат, но се верува дека заложниците во центарот Чабад се убиени. Шефот на полицијата во Мумбаи изјави дека операцијата е во финална фаза, но, според него, третиот кат на зградата се' уште не е безбеден. Командосите кусо пред ова пробија отпор на еден од надворешните ѕидови на зградата во обид да ги нападнат терористите.
|