Бејрут прв воспостави врски со Палестина
БеЈрут - Либан е првата земја што одлучи да воспостави дипломатски врски со „палестинската држава“.
За оваа цел Либан одобри и отворање на палестинска амбасада во Бејрут, која ќе ја замени со досегашната канцеларија на Палестинското ослободително движење(ПЛО).
„Советот на министри одлучи да одобри воспоставување дипломатски врски со државата Палестина“, објави либанскиот министер за информирање, Тарик Митри. (Макфакс) |