Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Почина најстариот жител на планетата

Американката Една Паркер почина во 115-тата година од животот во својот дом во Индијана

Вашингтон - Американката Една Паркер, поранешна учителка која беше призната за најстар жител на планетата, почина во средата во 115-тата година од животот во својот дом во американската сојузна држава Индијана. Веста за нејзината смрт ја соопшти специјалистот- геронтолог од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес, Стивен Коулс.

Една Паркер почина на 115 години и 220 дена, напомна Коулс на веб-страницата на Групата за геронтолошки истражувања. Паркер беше во групата на таканаречените супер-возрасни кои имаат над 110 години.

Коулс за смртта на Една дознал од нејзин роднина. Таа била родена на 20 април 1893 година и починала во дом за старци во Шелбивил, Индијана.

Една остана вдовица во 1939 година, кога нејзиниот маж починал како последица на срцев удар. До нејзината стота година таа живеела сама на семејниот имот, по што заминала кај нејзиниот син, а потоа во старски дом во Шелбивил.

Таа никогаш не консумирала алкохол, не пушела цигари и водела мошне активен живот. 

Таа имаше два сина, пет внуци, 13 правнуци и 13 пра-правнуци.

По смртта на Една, најстариот човек на планетата е 115- годишната Португалка Марија де Жезуш, родена на 10 септември 1893 година. Според Коулс, втор најстар човек на планетата е одново жена, 114- годишната Гертруда Беинс која живее во Лос Анџелес, ќерка на поранешен роб и наедно таа е најстар жител по потекло од Африка. (Лос Анџелес тајмс)

 


Статијата е прочитана 417 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Битка од соба во соба во хотелот во Мумбаи
Убиени заложниците-Израелци
Договорот за ЕУЛЕКС само ја потврдува поделеноста на Косово
Пратеник давал „службени податоци“ на медиумите
Заткулисни комбинации пред утрешните парламентарни избори во Романија
Буш помилува две мисирки за Денот на благодарноста
Безредија по убиства на цивил
Бејрут прв воспостави врски со Палестина
Дванаесет убиени во напад на шиитска џамија во Ирак
Либериски брод киднапиран од пирати
Премиерот преговара со демонстрантите
Германците уапсени во Косово биле агенти на БНД
Задоволен што нема покани за Украина и за Грузија во НАТО