Договорот за ЕУЛЕКС само ја потврдува поделеноста на Косово
И натаму ќе постојат два одвоени и паралелни органи на власт во новата држава, вели британскиот експерт Tим Џуда
Лондон – „Договорот за распоредување на европските полициско-царински сили ЕУЛЕКС на Косово, постигнат во Советот за безбедност на ОН, само ја верификува состојбата што и досега постоеше на теренот, изјави британскиот публицист и експерт за Балканот“, Тим Џуда.
Во разговор за Би-Би-Си, Џуда вели дека како досега, така и по доаѓањето на силите на ЕУ, повеќе или помалку, ќе постојат два одвоени и паралелни органи на власт во новата балканска држава, едни на косовските Албанци, а други на тамошните Срби.
Според британскиот експерт, затоа ЕУЛЕКС може да се означи како показател за виртуелната реалност што сега владее во Косово.
- Во неа, Белград се прави како Косово да не е независно, додека Приштина, од друга страна, се однесува како да ја има контролата врз целата територија на државата, а ниту едното, ниту другото не е точно, објаснува Џуда, кој често прави анализи на балканските состојби за лондонскиот неделник „Економист“.
Тој оценува дека во услови кога двете страни ја игнорираат реалноста што постои на теренот, може да се случи мисијата на ЕУ во првите месеци од нејзиното функционирање да се соочува со проблеми. На подолг рок, меѓутоа, британскиот публицист смета дека проблемите треба да се надминат и да исчезнат, најмногу затоа што ЕУЛЕКС, главно, ќе го работи она со што сега се занимава полицијата на УНМИК, а во некои случаи, дури на определени места ќе се јават истите луѓе, само сега со изменети униформи.
- Официјална Приштина не е задоволна од ваквиот развој на работите со мисијата на ЕУ, посебно со нејзиното ставање „под контрола“ на Советот за безбедност на ОН, бидејќи се покажа дека косовските власти, иако се противеа на договорот, биле игнорирани и доведени во ситуација да не може да му се спротивставуваат. За нив како утеха останува одредбата од документот со која Косово останува единствена царинска зона и што сите во Советот за безбедност на ОН се против поделбата на неговата територија, вели за Би-Би-Си британскиот експерт за Балканот, Тим Џуда.
Албанскиот премиер Сали Бериша оцени во четвртокот дека распоредувањето припадници на ЕУЛЕКС на целата територија на Косово е од посебна важност и дека е во духот на зачувување на мирот и стабилноста.
За време на средбата со делегација од Комисијата за надворешни работи на косовското собрание, Бериша нагласи дека парламентот во Тирана со внимание ја следи ситуацијата со распоредувањето на ЕУЛЕКС.
Советот за безбедност на ОН го поддржа во средата извештајот на генералниот секретар на Светската организација, Бан Ки Мун, во кој се изнесени препораки за реконфигурација на мисијата УНМИК и распоредување на ЕУЛЕКС.
СБ усвои соопштение во кое се „поздравува извештајот, земајќи предвид различни ставови на Белград и Приштина и ја поздравува нивната намера да соработуваат со меѓународната заедница“. Албанскиот премиер нагласил дека е неопходно единство на косовските лидери за тоа прашање, како и продолжување на блиската соработка со САД и со ЕУ. (МИА)
_ se soglasuvam so eden nash citatel deka napravija uste edno bure-barut za da go destabiliziraat balkanov no ova nekoj den koga ke im eksplodira ne znam shto ke stane potocno ne sakam ni da zamislam ....teshko Makedonija , pak nie ke bidimi zrtvi
Gospode cuvaj go makedonskiot narod !
Од: commanddevil
Датум: 29.11.2008 17:33:07
2010 pocnuva treta svetska vojna.....do togas ke izdrzime...(po predviduvanjata na vangja)
Од: nenad
Датум: 29.11.2008 22:17:47
dragi nasinci pa denes sekoj treba da sorabotuva so sekogo.nikoj ne moze sam.e zapad mora so nas i nie so nego.normalno e da srbite si imaat svoja kontrola,istoriski kosovo niv im pripada,no mora da se sorabotuva so sekoj i so albancite i so zapad i so site,zarem ne .
Од: Archelay
Датум: 30.11.2008 12:28:43
Ovoj komentator ne zivee na Makedonskiot poluostrov a izigruva ekspert za ovoj poluostrov.Zboruva za i okolu kosovo a nigde ne gi spomnuva slucuvanjata na Mirovnata konferencija vo Bukurest od 1913 i vestackiot populacionen bum na Kosovao,istocniot del na Crna Gora i zapadniot del na Makedonija.Go zaobikoluva pritisokot na Zapadot vrz ovie zemji so cel istite tie i ponatamu da izigruvaat statut na sutraci,nedonoseni i maloumni.Znaci,ovoj"strucnjak"e instrument na Zapadot preku kogo i ponatamu ke frla prasina v oci se so cel ovoj prostor i ponatamu da bide pokritie za debelite inkasiranja na poedinci od Zapadot.i malku posiroko.