Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Буш помилува две мисирки за Денот на благодарноста

Ова е дел од традицијата воведена од претседателот Хари Труман

ВАШИНГТОН - Американскиот претседател Буш на специјалната церемонија во Роуз гарден помилува две истакнати гостинки на Белата куќа: мисирките за националниот празник Денот на благодарноста. Традиционално веќе 61 година, секој претседател уште од времето на Хари Труман помилува мисирка пред Денот на благодарноста.

Памкин и Пекан се во авантура во својот кус живот. Додека другите мисирки во земјата се служат за вечера на Денот на благодарноста, овие две птици беа поштедени со официјално помилување од претседателот Џорџ Буш. „За секој случај, ќе помилувам и втора птица на овој невообичаен настан“, рече Буш во средата на церемонијата во Роуз гарден.

Публиката можеше да ја види само Памкин. Буш рече дека Пекан е на непозната локација. Двете птици требаше да се испратат со авионот „Turkey One“ во Дизниленд, каде што Памкин ќе има улога на „големиот маршал“ на парадата на Денот на благодарноста. Потоа двете птици ќе останат во делот „Фронтиерленд“ во паркот до крајот на животот.

Пол Хил, претседател на Националната федерација на мисирки, ги одгледа двете мисирки со внуците на фармата во Елсворт, Ајова. „Ги избравме овие мисирки на возраст од девет недели. Денес беа убиени нивните пријатели со кои беа одгледувани“, рече Хил. Тој додаде дека двете мисирки поминале низ обемна обука за нивниот добар, соодветен изглед. Белата куќа проверуваше дали мисирките можат да издржат музика во живо и да не се обидат да побегнат или одлетаат поради присуството на голем број луѓе.

Годишната церемонија во Белата куќа датира од претседателот Хари Труман, а Денот на благодарноста е федерален празник во САД кој почнал да се одбележува од фармерите некаде во почетокот на 17 век во знак на благодарност за успешната година.

Претседателот Буш истакна дека ова е неговиот последен Ден на благодарноста како претседател. Тој и првата дама на Америка викендов ќе заминат во Кемп Дејвид. Со оглед на претстојните празници Буш в недела треба да го прими божикното дрво за Белата куќа, а в среда да ги покаже празничните декорации за куќата. Претседателот изрази благодарност за континуираното ангажирање на американските вооружени сили преку океанските земји. На сите Американци им посакувам среќен Ден на благодарноста и господ да ве благослови“, рече Буш. (Си-Ен-Ен)

 


Статијата е прочитана 344 пати.

Испрати коментар

Од: Ѓорге
Датум: 29.11.2008 10:05:16
Да се надеваме дека еден ден ќе не помилуваат и нас.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Битка од соба во соба во хотелот во Мумбаи
Убиени заложниците-Израелци
Договорот за ЕУЛЕКС само ја потврдува поделеноста на Косово
Пратеник давал „службени податоци“ на медиумите
Заткулисни комбинации пред утрешните парламентарни избори во Романија
Почина најстариот жител на планетата
Безредија по убиства на цивил
Бејрут прв воспостави врски со Палестина
Дванаесет убиени во напад на шиитска џамија во Ирак
Либериски брод киднапиран од пирати
Премиерот преговара со демонстрантите
Германците уапсени во Косово биле агенти на БНД
Задоволен што нема покани за Украина и за Грузија во НАТО