Либериски брод киднапиран од пирати  
Могадишу - Либериски транспортен брод беше киднапиран од сомалиски пирати вчера во Аденскиот Залив. 
  Тројца членови на екипажот успеаја да избегаат и беа спасени од германски хеликоптер. 
  - Танкерот „Бискалија“, кој пловел под либериско знаме, беше нападнат од петмина сомалиски пирати, изјави капетанот на француската фрегата„ Нивоз“, Жан-Марк Килиек.
  Според него, тројца членови на екипажот на „Бискалија“ скокнале во вода во реонот што е набљудуван од европски воени хеликоптери. Тројцата биле спасени од германските ВМС и ќе бидат префрлени на францускиот брод „Вар“. (МИА)  |