Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Задоволен што нема покани за Украина и за Грузија во НАТО

Хавана- Рускиот претседател Дмитриј Медведев, кој се наоѓа во посета на Куба, изрази задоволство дека САД се откажале да им предложат план на Украина и на Грузија за дејствување за членство во НАТО. 

- Не знам на што се должи ваквата одлука, но јас сум задоволен дека надвладеа разумот, за жал на крајот на мандатот на се' уште актуелната американска администрација, изјави Медведев.

Тој истакна дека Русија ќе ја развива соработката со Латинска Америка, но тоа нема да биде на штета на меѓународната безбедност.

Медведев нагласи дека е задоволен од развојот на односите со Куба, сметајќи дека во последните шест месеци тие станале многу поинтензивни. Тој се наоѓа во Куба на последната станица од турнејата низ Латинска Америка која имаше за цел да го зајакне руското влијание во регионот. Медведев и кубанскиот претседател Раул Кастро се очекуваше да потпишат договори за истражување на нафта и од областа на рударството. Рускиот претседател пристигна во Хавана од Венецуела каде што тој и претседателот Хуго Чавез постигнаа договор за унапредување на нуклеарната енергија за цивилна употреба. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 480 пати.

Испрати коментар

Од: devicanecot
Датум: 29.11.2008 08:10:58
Makedonija ima pokana, ama sto od toa?? Sega smetalo imeto, utre reformite vo pravniot sistem, pa reformite vo zdravstveniot sistem, pa mozebi golemiot procent na karies na zabite kaj eden del od naselenieto i taka natamu...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Битка од соба во соба во хотелот во Мумбаи
Убиени заложниците-Израелци
Договорот за ЕУЛЕКС само ја потврдува поделеноста на Косово
Пратеник давал „службени податоци“ на медиумите
Заткулисни комбинации пред утрешните парламентарни избори во Романија
Буш помилува две мисирки за Денот на благодарноста
Почина најстариот жител на планетата
Безредија по убиства на цивил
Бејрут прв воспостави врски со Палестина
Дванаесет убиени во напад на шиитска џамија во Ирак
Либериски брод киднапиран од пирати
Премиерот преговара со демонстрантите
Германците уапсени во Косово биле агенти на БНД