Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

На прва топка

Арапите во фудбалска акција

Фарко Шакири

Арапите за десетина дена направија дар-мар на Островот. Откако го купија Манчестер сити, нова цел на шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум и фирмата „Абу Даби груп“ е, никој друг, туку петкратниот европски шампион од „Енфилд роуд“, Ливерпул! Шеикот е подготвен да одвои половина милијарда фунти за славниот англиски клуб, понуда која веќе стигна на масата на сегашните сопственици, американските бизнисмени Том Хикс и Џорџ Жилет, и како што наведуваат британските медиуми, тие сериозно размислуваат да ја прифатат. Главниот проблем на Хикс и на Жилет е тој што тие немаат доволно средства, или пак, во моментов не се подготвени да инвестираат 300 милиони фунти во изградбата на новиот стадион на „Стенли парк“. Колку е шеикот заинтересиран за најновиот напад на Островот, зборува и фактот што неговата компанија „Дубаи интернешенел капитал“ веќе ја проучиле книгата на „црвените“ и дека е подготвен нацрт-планот за новиот стадион кој би имал најмалку 60.000 места.

На листата на желбите на арапските нафтени милијардери, чие богатство се проценува на 1.000 милијарди долари, се наоѓаат најквалитетните фудбалски имиња за чија цена воопшто не станува збор, поточно речено, таа не е ни битна. Во тој проект голманот на Јувентус е проценет на 70 милиони фунти, Кристијан Роналдо 134, Лео Меси 80, Кака 80, Фернандо Торес 70 и Фабрегас 60. Дека парите за шеикот Мохамед не се проблем и дека има „широка рака“ докажа пред 27 години кога седумдневната свадба ја плати 44 милиони долари!

Кога овие бројки изразени во долари, евра, фунти, а сите со неодоливиот мирис на нафтата, ќе ви се завртат низ глава, едноставно и лесно ја разбирате одлуката на Робињо, која долго време го сонуваше Челзи, а на крајот се разбуди во Манчестр сити. Тој воопшто не е загрижен од изјавата на неговите родители, кои му се налутија до смрт, затоа што нивното дете залутало, и дека тие никогаш нема да го посетат во неговиот „сити“. Човекот не пие нафта, ама парите кои ги произведува таа заземаат габаритно место на неговото банковно конто.

Прашањето е на другата страна од банкнотата. До каде се подготвени шеиците да одат и преку фудбалот да ја освојат Европа. Традиционалната Англија е на колена, парите си го сторија своето. Сигурно дека фудбалот во случајот е само декор за арапската пенетрација на Островот. Кога не можеш на друг начин, парите го компензираат тоа и преку нив се остваруваат и некои политички амбиции: тешко дека Арапите се толку запалени за играчката наречена фудбал. Тешко и дека овој тренд можат да го сопрат фудбалерите. За такви пари тие се подготвени да се продадат, па макар ја грееле и клупата.

Второ, за ваквите егзибиции, од кои прв почувствува тежок потрес на фрустрација, рускиот милијардер Роман Абрамович, кој во однос на оваа групација е ординарен „сирак“, би требало да се замислат челниците на ФИФА и на УЕФА, затоа што девалвацијата на фудбалот во кои влегуваат големи пари е неминовност. Тие ќе се слеваат на неколку строго селектирани места, а во вителот на нафтените долари ќе се загубат критериумите и вредностите, а дестинациите кои не се на листата на моќните шеици, лесно може да исчезнат од фудбалската карта.

Можеби најблиску до одговорот на се' што се случува во светот на фудбалот е аргентинската легенда Диего Армандо Марадона. Тој за шпанската „Марка“ изјави дека претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, треба да биде „роб“ на сите фудбалери на светот. „Тој е на таа функција да биде наш сервис. Ние без него можеме, а тој без нас е ништо“, резонира Марадона, и додава дека е фантастично да се гледа како големите компании вложуваат големи суми во фудбалот, само му е жал што тоа не се случувало додека тој бил активен фудбалер. Разбирливо дека му е жал. Кога тој отиде да игра за Неапол трансферот беше „тежок“ осум милиони долари, а ние не знаевме да ги напишеме.

 


Статијата е прочитана 730 пати.

Испрати коментар

Од: trajan
Датум: 06.09.2008 03:27:59
do koga so copy-paste be farko do koga? ima i drugi lugje vo makedonija sto citaa internet
Од: luli
Датум: 06.09.2008 06:58:48
za zal samo koga ke razmislis kolku deca vo svetot umirat sekoj den od glad dodeka nekoj drug samo za slava frla pari ,
Од: POP
Датум: 06.09.2008 20:06:10
Bravo Farko, Pozdrav....Pop
Од: Aleksandar
Датум: 07.09.2008 07:25:35
Ispravka na tekstot: Negovoto Visocestvo Sheikh Mohammed Bi Rashid Al Maktoum e upravitel na Dubai i nema nikakva vrska so Abu Dhabi Group.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Шах Победнички потег
Со Португалките за врвот на табелата
Македонското срце против шкотската гордост
Гордон
Македонија директно на СП 2009!
Португалците го плаќаат цехот за Летонците
Русевски го оперира коленото
Одбојкарите по активен резултат во Брно
Каранфилов стартува в недела
Ѓоковиќ подобар од Родик и во полуфиналето ќе игра со Федерер

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.