Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Македонското срце против шкотската гордост

Капитенот Седлоски верува оти Македонија има тим за триумф попладнево во Скопје на почетокот од квалификациите за СП

Миодраг Мицковиќ


Одбројувањето заврши. Дојде толку очекуваниот ден и почеток на квалификациите за настап на светското првенство. Веќе на стартот Македонија како што е познато ќе игра со мошне силен противник, со репрезентацијата на Шкотска која се наоѓа на 16. место на последната ранг листа на ФИФА. Тоа јасно покажува колку ќе биде тешка задачата на нашите фудбалери да победат, да ги освојат првите три бода и со успех да стартуваат во квалификациите во кои очекуваат многу, сигурно подобар пласман отколку во досегашните квалификаци. Да не заборавиме дека само по четири дена ги очекува уште еден меч, одново со силен противник, со репрезентацијата на Холандија на 10 септември повторно во Скопје.

Токму затоа е многу значајно на стартот во првиот меч да ги освоиме трите бода и многу помирно потоа да играме против Холандија и на наредните средби. Меѓутоа, сигурно тоа нема да биде лесно бидејќи на Градски ќе биде жешко и фудбалски и што се однесува до температурата бидејќи за денес метеоролозие најавуваат околу 38 степени така што практично тоа ќе биде фудбал под вршник.

„Луѓе, многу е жешко, како ќе играме на вака висока температура“, се жалеше вчера селекторот на македонската репрезентација Катанец по тренингот што го одржаа на Градскиот стадион точно во времето кога треба да се игра и натпреварот. „Но, што е тука е, ќе мораме да играме, сигурно дека моите играчи ќе го дадат максимумот и јас верувам дека нема да разочараат бидејќи оваа генерација веќе подолго време игра заедно и редно е да го покажеме и ние својот квалитет“.

И фудбалерите кои се појавија на тренингот по ова пеколно сонце беа шокирани, речиси ги зафати топлотен удар но, сепак, го издржаа тренингот и малку се привикнаа на условите под кои ќе ги играат 90-те минути против Шкотска. Како ќе биде за фудбалерите од Шкотска се' уште не можеме да кажеме бидејќи тие вчера не тренираа во тие пладневни часови, туку тренинг одржаа во 17.30 часот кога температурата малку попушти.

Сите погледи се свртени кон нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, сите од него очекуваат да постигне барем еден погодок кој можеби ќе биде и решавачки за конечниот исход.

„Секој почеток во квалификациите е важен“, им рече на новинарите Пандев. Нормално, сите посакуваме успех. Имаме незгоден противник, Шкотланѓаните високо котираат на листата на ФИФА, но тоа не мора да биде и пресудно за исходот на овој натпревар. Сите од мене очекуваат голови, јас навистина би бил пресреќен ако барем еднаш ја погодам мрежата. Нашиот адут е тимска игра, тоа ќе биде и нашето најсилно оружје бидејќи веќ�� подолго време играме заедно. Треба да нападнеме од сите позиции, а времето без оглед колку што е топло, ќе биде противник и за нас и за Шкотланѓаните.

Капитенот на нашата репрезентација Гоце Седловски е рекордер по бројот на настапите во нашата репрезентација бидејќи досега 85 пати го носел дресот на македонската селекција. Дури ни Шкотланѓаните во својот состав немаат фудбалер кој има толку настапи за репрезентацијата.

„Имаме тим за триумф без оглед што екипата на Шкотска ја респектираме. Верувам во нашите играчи, подолго време сме заедно и мислам дека овие квалификации треба да бидат круна на сегашнатга генерација. Ако одиграме како што игравме против Полска и Луксембург на двете последни пријателски средби не треба да стравуваме.

Интересна беше и изјавата на Величе Шумуликовски.

„Кога на островот е температурата од околу 25 степени сите се жалат дека е многу топло. Како ќе им биде под нашето сонце, ќе изгорат. Ќе биде тешко сигурно и за нас, но ако на Градски биде температура околу 33 степени, се предвидува да биде и повеќе, тогаш во Англија како да е 45 степени. Очекувам дека Шкотланѓаните ќе се повлечат, нема да форсираат темпо, ќе одат на нерешено. Ние не смееме да прифатиме таква игра, ќе мораме да напаѓаме, но исто така многу внимателно.

Инаку, Шкотската репрезентација досега има осум настапи на завршните борби на светското првенство и два на европските шампионати. Деновиве скопје е преплавено од шкотските навивачи, кои се воодушевени од Скопје, но и тие се жалат на мошне топлото време, но затоа пак консумираат големи количества пиво. Ги среќаваме во Скопје со многу шалчиња на кои пишува Македонија, дури одат облечени и во дресови на македонската фудбалска репрезентација, ветуваат дека денешниот меч ќе биде вистински фудбалски празник проткаен дури и со звуците на гајди од источната трибина каде тие ќе бидат сместени. Иако, за нив Фудбалската федерација на Македонија обезбеди 1.000 билети се очекува во Скопје да престојуваат 3-4 илјади шкотски навивачи. Како тие ќе дојдат до билети за денешниот меч тешко е да се претпостави бидејќи како што видовме тешко може да ги купат на определени места. Но, не се жалат доколку не бидат на Градски стадион ќе ги окупираат многубројните кафулиња во Скопје и средбата ќе ја следат на малите екрани.

Инаку, од мечот меѓу Македонија и Шкотска ќе се врши директен пренос на телевизија Сител.

 


Статијата е прочитана 1569 пати.

Испрати коментар

Од: stojan
Датум: 06.09.2008 14:24:23
sramota za Makedonija 3000 navivaci dojdoa od Shkotska, troshat pari za pivo i hoteli po Skopje a ne im davaat ticketi da gledaat natprevar od 3000 samo 1000 mozat da vlezat na stadion FSM da se smeni celo rakovodstvo namesto da im e keif sto dosle tolkav narod vaka gi teraat nikogas da ne dojdat poveke , cist komunisticki stil na rabota
Од: Slave
Датум: 07.09.2008 10:38:32
trpe, koj ti dade tebe da komentiras fudbalski ili bilo kakov drug natprevar? tato?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Шах Победнички потег
Со Португалките за врвот на табелата
Гордон
Македонија директно на СП 2009!
Португалците го плаќаат цехот за Летонците
Русевски го оперира коленото
Одбојкарите по активен резултат во Брно
Арапите во фудбалска акција
Каранфилов стартува в недела
Ѓоковиќ подобар од Родик и во полуфиналето ќе игра со Федерер

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.