Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Португалците го плаќаат цехот за Летонците

Македонските кошаркари решени вечерва да ја остварат првата победа во квалификациите за ЕП

По несреќниот пораз во средата во Летонија, македонските кошаркари бараат одмазда во вид на победа над Португалија вечерва од 20,15 ч. во салата „Борис Трајковски“ во Скопје во рамките на второто коло од групата Б од квалификациите за Европското првенство 2009 во Полска. Најдобар лек за санирање на раните од Рига, кога ни две меч-топки преку слободните фрлања на Мираковски во финишот на основниот дел и на Илиевски во продолжението не беа доволни за стартно славење, е висока и убедлива победа над противникот совладан во пет од досегашните шест меѓусебни дуели. Македонија е фаворит и поради неочекуваниот дебакл на Португалците против аутсајдерот Естонија, од која во средата дома загубија со 79:70 по катастрофалната последна четвртина, во која дадоа само 11 поени, а примија 26.

Сепак, селекторот Јовица Арсиќ е внимателен во изјавите.

„Не' очекува тежок натпревар. Португалија е противник за респект. Не планираа пораз на стартот, па очекувам да нападнат со сета сила и да се обидат да ги искористат нашите слабости, бидејќи нема што да загубат“, резонира тој. „Очекувам голема помош од публиката, бидејќи победата ни е многу потребна. Притисокот е голем по оној несреќен пораз во Летонија“.

Добра вест од македонскиот табор е враќањето на повредениот ветеран Перо Блажевски, кој ја санира повредата и вчера тренираше со другите репрезентативци, па можеби ќе биде и во почетниот состав. Затоа, пак, неизвесен е Дарко Соколов, кој се повреди во Рига.

Црномурниот Карлос Андраде беше најдобар во португалскиот состав против Естонците. За 26 минути во игра постигна 14 поени, а имаше и по три скока и украдени топки пред да излезе поради пет лични грешки.

Натпреварот ќе го води судиската тројка Миливое Јовчиќ од Србија, Николаос Пападимитриу од Грција и Владимир Цеков од Бугарија. Во другиот меч од групата Естонија попладнево ја пречекува Летонија. (Р.Д.)

 


Статијата е прочитана 260 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Шах Победнички потег
Со Португалките за врвот на табелата
Македонското срце против шкотската гордост
Гордон
Македонија директно на СП 2009!
Русевски го оперира коленото
Одбојкарите по активен резултат во Брно
Арапите во фудбалска акција
Каранфилов стартува в недела
Ѓоковиќ подобар од Родик и во полуфиналето ќе игра со Федерер

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.