Ѓоковиќ подобар од Родик и во полуфиналето ќе игра со Федерер
Ланското финале на УС-опен годинава ќе се реализира чекор порано, во полуфиналето. Новак Ѓоковиќ го осигура днешениот двобој против Федерер по победата над последниот американски адут, Енди Родик.
Мечот од кој многу се очекуваше звучните најави ги оправда на моменти, а заврши со 6:2, 6:3, 3:6 и 7:6 (5) во корист на Ѓоковиќ. Енди Родик успеа да се опорави по многу слабиот старт во мечот, првите два сета во кои Ѓоковиќ апсолутно доминираше, беше на прагот да влезе во петти, но остана на тоа. Во првите два сета играше само третопласираниот Србин. само минута или две му беа потребни со три брејка в првиот и еден во вториот да стекне голема предност против Родик, кому во овој период ништо не му одеше од рака. Работите се променија во третиот кој го освои Родик со 6:3. Во четвртиот се играше тај-брејк во кој Родик пропушти неколку шанси и на крајот мораше да се прости од последниот гренд-слем сезонава.
Претходно Роже Федерер потешко од очекувањата славше против квалификантот Милер од Луксембург со 3:0 во сетови, но по два добиени тај-брејка во првиот и во третиот сет, додека вториот го доби со 6:4. Така денешните полуфиналињата ќе бидат европски, ако во Њујорк не заврне затоа што синоптичарите предвидуваат обилни врнеши. Во горниот дел на ждрепката за финалето ќе одлучуваат Рафаел Надал и Енди Мареј, а во долниот дом се Федерер и Ѓоковиќ, како реприза од ланското финале.