Каранфилов стартува в недела
Стрелецот Ванчо Каранфилов в недела прв од двочлениот тим на Македонија ќе се појави на борилиштата на 13. Параолимписки игри, кои ќе се одржат во Пекинг од 6 до 17 септември. Во 3 ч. по македонско време тој ќе ги почне квалификациите во воздушен пиштол 10 м, во која го брани сребрениот медал од Атина 2004. Македонскиот знаменосец на отворањето на ПОИ е шести на светската ранг-листа.
Во оваа дисциплина првиот настап во Пекинг, но в понеделник, ќе го има и Оливера Наковска-Бикова, која е втора во светот во моментов. Двајцата ќе се натпреваруваат и во спортски пиштол, како и во пиштол слободен избор. (Р.Д.) |