Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Гордон: Пандев не е помала закана од Роналдо или од Торес

За шкотскиот голман, интернационалецот од Лацио е голема опасност

Крег Гордон ужива во ривалството на Алан Мекгрегор од Ренџерс, но голманот на Сандерленд инсистира на тоа дека нема да му биде одземен дресот со бројот 1 во шкотската репрезентација. Гордон (25), поранешниот играч на Хартс во Сандерленд го прифати Мекгрегор, кој спаси пенал откако влезе како замена во второто полувреме во пријателскиот натпревар против Северна Ирска на Хампден кој заврши со мирољубивите 0:0, но го турка да биде во првите 11-мина за кои ќе се одлучи Џорџ Барли. Меѓутоа, додека се подготвува за двојната пресметка со Македонија и Исланд во квалификациите за СП, Гордон инсистира на тоа дека тој не е подготвен да ги соблече ракавиците и верува дека промените во тимот би биле контрапродуктивни. „И двајцата ќе кажеме дека сакаме да играме“, вели Гордон. „Има само една позиција за нас и од нас зависи да се избориме за тоа место. Мислам дека на последните неколку натпревари покажав добра игра и од мене зависи да продолжам со истата форма и да го осигурам местото во тимот. Мора да постигнете разбирање со последната одбранбена четворка и да знаете што ќе направи оној другиот. Ако постојано менувате нема да го постигнете истото разбирање како што тоа би бил случај ако станува збор за константен избор“.

Гордон кој влезе во шкотскиот тим кога неговите соиграчи од Хартс, Стивен Присли и Енди Вебстер играа заедно во последната линија, сака да го заземе своето место зад двојката од Селтик, Стивен Мекманус и Гери Калдвел кога Шкотите ќе ги почнат квалификациите со денешниот натпревар во Скопје. Тој изјави: „Тие се разбираат од клупско ниво, и точно знаат што ќе направи другиот. Кога ја почнав кариерата на меѓународно ниво, таму имав играчи од Хартс и тројца од нас бевме во ист клуб. Добро е да се постигне едно такво разбирање.“

На последното рангирање на ФИФА, Шкотска остана на 16. место, додека пак Македонија се најде на 56. место, но Гордон нагласи дека гостите ќе го почнат натпреварот со новини. Тој рече: „Ќе биде тешко бидејќи тие се добар противник. Но, ние мора да имаме самодоверба во сопствените капацитети и дојдовме да победиме. Одигравме добро на последниот натпревар, а тоа е добар засилувач на довербата“. Гордон редовно се соочува со некои од најдобрите напаѓачи во светот во англиската Премиер лига, но инсистира на тоа дека македонскиот репрезентативец од редовите на Лацио, Горан Пандев не е ништо помала закана отколку Кристијано Роналдо или Фернандо Торес. Уште додава: „Пандев е добар играч но, не би рекол дека е подобар или полош отколку некои против кои сум играл. Италијанскиот фудбал се' уште е многу добар. Нивните најдобри клубови секоја сезона влегуваат в�� последните фази од натпреварувањата во Лигата на шампионите. „Ја гледавме видео снимката од последните неколку негови натпревари и изгледа многу силен и веројатно е нивната најголема закана по нашиот гол“. (Прес енд џрнал)


Статијата е прочитана 573 пати.

Испрати коментар

Од: tifozoo
Датум: 06.09.2008 02:00:04
yes yes, Pandev is the best

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Шах Победнички потег
Со Пор��угалките за врвот на табелата
Македонското срце против шкотската гордост
Македонија директно на СП 2009!
Португалците го плаќаат цехот за Летонците
Русевски го оперира коленото
Одбојкарите по активен резултат во Брно
Арапите во фудбалска акција
Каранфилов стартува в недела
Ѓоковиќ подобар од Родик и во полуфиналето ќе игра со Федерер

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.