Брoj 2785  петок, 12 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Русија ја обвини ЕУ за дволичност

МОСКВА - Русија ја обвини ЕУ дека потпишала договор со Грузија за распоредување мировни посматрачи, што е во спротивност со договорот постигнат неколку часа претходно со Москва. Министерот за надворешни работи на Русија изјави дека со тоа не се дозволува присуство на монитори на ЕУ во Јужна Осетија или во Абхазија, но договорот потпишан меѓу ЕУ и Грузија го дозволува тоа. Отцепените региони на Грузија се признати од Русија како независни. Европската унија соопшти дека не дискутирала со Москва дали посматрачите би можеле да ги посетат сепаратистичките отцепени региони. Комесарот на ЕУ за надворешна политика, Хавиер Солана, изрази надеж дека мониторите на ЕУ, конечно, ќе бидат распоредени во кој било дел од грузиската територија.

Русија во понеделникот се согласи да ги повлече единиците од самопрогласените тампон-зони околу Абхазија и Јужна Осетија. Тие зазедоа позиции по неодамнешниот конфликт со Грузија. Рускиот претседател Дмитриј Медведев даде ветување под услов да бидат распоредени најмалку 200 посматрачи на ЕУ за да се осигура безбедноста на двата отцепени региона. Според договорот, Русија би се повлекла од територијата на Грузија во рок од десет дена од распоредувањето на мониторите на ЕУ. Меѓутоа, министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека ЕУ е „подготвена да распореди монитори на целата територија на Грузија“. Тој додаде дека таков чекор е контрадикторен на договорот потпишан од Медведев, според кој е јасно ставено до знаење дека мониторите на ЕУ ќе оперираат само надвор од Јужна Осетија и Абхазија. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 592 пати.

Испрати коментар

Од: последниот мохиканец
Датум: 12.09.2008 11:14:11
Не ме чуди за ваквата дволичност од страна на званичниците од ЕУ. Истото и се случуваше и на Србија во конфликтот на Косово. Хавиер Солана тогаш беше во топ форма, а како што можам и сега да видам формата воопшто не го напуштила... Само, сега има еден „мал“ проблем, од другата страна не е Србија, туку Русија. Има разлика, нели?
Од: igor
Датум: 12.09.2008 12:57:39
A bre rusofilski vesnik. Pa kazete shto vika na toa EU. Kazete deka rusite edno potpishuvaat a drugo pravat. Dosta sonuvate deka rusija nekogash nekomu vo neshto pomognala.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Американски мевлем за Русите
Пентагон призна дека стратегијата за Авганистан не е успешна
Палестинската полиција го средува беззаконието во Хеброн
Владини нафтени „инкасанти“ фатени во сексуален скандал
Ризик од конфликт на Арктикот
Русија испраќа два бомбардера со голем дострел во Венецуела
Украинците се плашат од распаѓање на земјата
Ураганот оштети 200.000 куќи
Предлог за реизбор на претседателот Урибе