Дискусијата на американскиот Конгрес за Грузија доживеана во Русија како сигнал дека Вашингтон е на пат да ја признае вистината
Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ
МОСКВА - Намерата на членките на НАТО повторно да ја вооружат Грузија значи дека Запад не извлекол лекција од последните случувања на Кавказ. Знаеме дека не само Америка туку и други земји-членки на НАТО имаат намера да ја вооружат Грузија, изјави вчера во Москва рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Сепак, во вторникот од Америка стигна првиот мевлем за Русија. Во американскиот Конгрес се расправаше за ситуацијата во Грузија и заменик-државниот секретар Даниел Фрид мораше да признае дека во оцените на ситуацијата на Кавказ користеле само грузиски извори. Сенаторката од Њујорк, Хилари Клинтон, побара да се формира посебна комисија која би утврдила кој го лажеше официјален Вашингтон. На расправата во Вашингтон присуствуваше Давид Бакраѕе, претседател на парламентот на Грузија.
„Одлуката на раководството на Грузија да примени сила во зоната на конфликтот беше неразумна. И покрај тоа што многу работи остануваат нејасни, уште сега се знае дека Грузијците ноќта меѓу 7 и 8 август спровеле воена операција, како што им се чинело нив, со ограничени размери, со цел да воспостават суверенитет над Јужна Осетија. Причина за влезот на руската војска во Грузија беа воените акции на Тбилиси“, изјави во вторникот заменик-раководителот на Пентагон за политички прашања, Ерик Еделман. Говорејќи на седницата во Комитетот за вооружени сили на американскиот Конгрес, која беше посветена на тековната ситуација на Кавказ, Еделман се обиде да ги оттргне сомневањата за американска вмешаност, па рече дека Вашингтон изразува жалење што Грузија употребила артилериски и реактивни системи во градските реони и во близина на руските мировници. Тој категорично рече дека Америка не поддржува такви акции на грузиската војска. Ерик Еделман тврди дека воената авантура на Грузија била „планирана во Тбилиси и спроведена на своја рака“.
Повеќето американски политичари деновиве го повторија тоа што Ерик Еделман го кажа во Сенатот - дека САД не одат во нова студена војна со Русија. Американскиот конгресмен Дан Рорабакер, заменик на претседателот на Поткомитетот за меѓународни организации, изјави дека податоците на американската разузнавачка служба потврдуваа�� дека Грузија започнала воена акција и дека „позицијата на Русија е правилна“.
„Сите разузнавачки извори со кои разговарав, а зборував со многу, потврдуваат дека Грузија почнала воена акција во своите сепаратистички провинции. Грузијците, а не Русите, го прекинаа примирјето. Русите се во право, а не ние. Се' започнаа Грузијците, а Русите ставија точка на тоа“, рече Дан Рорабакер. Тој додаде дека некои користат „лист од смоква и зборуваат дека Јужноосетијците можеле да гаѓаат со ракета или артилериска граната и да испровоцираат воена акција. Тоа потсетува на провокацијата во Тонкискиот Залив“, рече Рорабакер. Американците своевремено го искористија инцидентот во Тонкискиот Залив како повод да започнат војна во Виетнам.
Конгресменот Дан Рорабакер во вторникот отворено изјави дека американската администрација има двојни стандарди во оцените за ситуацијата на Кавказ и на Косово. Тој истакна дека на сепаратистите на Косово им е дадена можност да имаат своја самостојна држава, но не им се дозволува тоа на Јужна Осетија и на Абхазија.
konecno eden ,,pameten,, amerikanec.dobro rekol covekot...kako moze toa... kosovskite teroristi da dobijat nezavisnost, a osetija i abhazija da ne mozat. ne odi toa taka.
Од: dedodimo
Датум: 12.09.2008 11:54:01
ovaj senator bi trebalo da bidi presedatelna USA pa togash modzda ke ima mir vo svetot oti mi izgleda e realeni so srce chovek . Vo politikatana zalost takvi malku gi ima.