Брoj 2785  петок, 12 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Ризик од конфликт на Арктикот

ВАШИНГТОН - Висок командант на Американската крајбрежна гарда предупреди на ризикот од конфликт на Арктикот доколку не се решат споровите околу меѓународните граници. Контраадмиралот Џин Брукс, одговорен за огромниот регион Алјаска, апелираше да се постигне дипломатски договор. „Тука е потенцијалот, со неутврдени граници и огромни можности за конфликт, или натпревар. Секогаш постои ризик за конфликт“, рече адмирал Брукс. Тој додаде дека тоа е особено можно „каде што не се воспоставени, исцртани, договорени граници“. Русија има најголеми претензии за Арктикот, откако постави знаме на Северниот Пол минатото лето, но Данска, Норвешка, Канада и САД, исто така, се инволвирани во гранични спорови. Предупредувањето од адмиралот следуваше откако арктичкиот мраз, втора година по ред, уште подрастично се повлече од долгорочниот просек. Последната сателитска анализа покажа дека годинешното топење тесно го следи минатогодишниот рекорд.

Во услови кога Кина распоредува истражувачки брод околу 320 км од Северниот Пол, а Русија ја дополнува својата веќе застрашувачка флота на мразокршачи, Американската крајбрежна гарда спроведе пилот-операција во арктичкото крајбрежје на Алјаска ова лето. Вежбите за обука опфаќаа потрага и спасување, заштита на нафтени и гасни инсталации, и сега се подготвуваат планови за постојани бази. Адмирал Брукс рече дека има добри работни односи со рускиот колега од другата страна на Беринговата Теснина - со редовни електронски пораки - иако пријателската пристанишна посета на рускиот Далечен Исток е одложена, по конфликтот во Грузија. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 536 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Американски мевлем за Русите
Пентагон призна дека стратегијата за Авганистан не е успешна
Палестинската полиција го средува беззаконието во Хеброн
Владини нафтени „инкасанти“ фатени во сексуален скандал
Русија испраќа два бомбардера со голем дострел во Венецуела
Украинците се плашат од распаѓање на земјата
Ураганот оштети 200.000 куќи
Русија ја обвини ЕУ за дволичност
Предлог за реизбор на претседателот Урибе