Ураганот оштети 200.000 куќи
ХАВАНА - Ураганот „Ајк“ оштети најмалку 200.000 куќи, од кои 30.000 се уништени, додека неговите силни ветришта и поројни дождови предизвикаа хаос по целата должина на Куба, јави главниот претставник на земјата за сместување. Виктор Рамирез, претседател на Националниот институт за сместување, изјави за државната новинска агенција АИН дека бројот би можел да се зголеми, бидејќи ефектите од невремето се' уште се чувствуваат во западна Куба, еден ден откако „Ајк“ влезе во Мексиканскиот Залив. Ураганот „Ајк“ ја погоди источна Куба во неделата со ветришта од 195 км/час и поројни дождови до 38 см во источните и централните провинции, а потоа се придвижи на југ кон Карибите и во вторникот повторно го погоди копното во Пинар дел Рио. (Ројтерс) |