Брoj 2785  петок, 12 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Русија испраќа два бомбардера со голем дострел во Венецуела

КАРАКАС - Русија испраќа два бомбардера со голем дострел во Венецуела, покажувајќи воена сила во традиционалниот двор на Вашингтон, во услови кога поранешните непријатели од студената војна се во спор од двете страни на Атлантикот. Испраќањето на бомбардерите ТУ-160 е покажување сила од страна на новата самоуверена Русија во период на напнатост со САД по војната во Грузија и американските планови за ракетен одбранбен штит во Источна Европа. Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, изјави дека авионите, кои можат да пренесуваат нуклеарни проектили, се наоѓаат во оваа јужноамериканска земја што извезува нафта за да ги зајакнат воените односи и да ги спречат американските регионални влијанија.

Авионите-бомбардери познати како „блекџек“ беа „придружувани од борбени авиони на НАТО“ за време на летот до Венецуела, рече портпаролот на руските воздушни сили, Александар Дробишевски, јавува новинската агенција Интерфакс. Чавез е отворен критичар на САД, главниот клиент за нафта. Тој често пати го обвинува Вашингтон дека планира да го собори и ја модернизираше армијата и изгради дипломатски сојуз со Русија. Чавез, кој е близок сојузник на Куба и поранешниот лидер Фидел Кастро го нарекува ментор, се пошегува дека ќе го поздрави својот пријател од еден од бомбардерите. „Ќе летам со еден од овие ѕверови“, рече тој облечен во воена маскирна униформа за време на посетата на болница, додавајќи дека вежбал во симулатор за летови. „Фидел, ќе летам ниско за тебе“, рече тој.

Авионите пристигнаа неколку дена откако Русија и Венецуела најавија дека ќе спроведат заеднички поморски вежби во Карибите кон крајот на годината, во кој ќе учествува нуклеарно опремен руски борбен брод. Новинската агенција РИА јави во Москва дека двата бомбардера ќе останат во Венецуела неколку дена за обука за летови над неутрални води пред да се вратат во базата во Русија. (Ројтерс)




Статијата е прочитана 608 пати.

Испрати коментар

Од: tj
Датум: 12.09.2008 09:01:46
Ima li vesnikov nas novinari sto ce pisuvaat, ili ce ni prenesuvaat faktogravski od Rojters, BBC, .....Ako nema, togas neka bide agencija, a ne vesnik.Ve molam istovo go pisuvam nekolku pati i ne go objavuvate.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Американски мевлем за Русите
Пентагон призна дека стратегијата за Авганистан не е успешна
Палестинската полиција го средува беззаконието во Хеброн
Владини нафтени „инкасанти“ фатени во ��ексуален скандал
Ризик од конфликт на Арктикот
Украинците се плашат од распаѓање на земјата
Ураганот оштети 200.000 куќи
Русија ја обвини ЕУ за дволичност
Предлог за реизбор на претседателот Урибе