Брoj 2785  петок, 12 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Владини нафтени „инкасанти“ фатени во сексуален скандал

Министерството е одговорно за собирање милијарди долари годишно од фирми кои дупчат нафта на американска територија

ВАШИНГТОН - Официјални претставници на американската влада одговорни за собирање приходи од нафтените компании се обвинети дека биле инволвирани во култура на „етичко пропаѓање“. Според истрагата на Министерството за внатрешни работи, некои од вработените прифатиле подароци и имале сексуални односи со работници кои ги надгледувале. Други се обвинети дека лажирале договори и работеле како приватни консултанти. Министерството е одговорно за собирање милијарди долари годишно од фирми кои дупчат нафта на американска територија. Некои од највисоките претставници, кои се обвинети за лошо однесување, веќе се пензионирани или поднеле оставки. Нафтените компании наведени во извештајот се корпорацијата „Шеврон“, „Шел оил“, корпорацијата „Хес“ и корпорацијата „Гери Вилијамс енерџи“.

Двегодишната истрага на главниот инспектор на Министерството за внатрешни работи, Ерл Девејни, укажа на „култура на суштинско злоупотребување и промискуитет“ на мала група поединци, „на кои целосно им недостига прифаќање или почитување на владините етички стандарди“. „Сексуалните односи со забранети извори не може, по дефиниција, да бидат на дистанца“, истакна Девејни во извештајот. Наводните непристојни настани се случиле меѓу 2002 и 2006 година, и биле инволвирани 19 поранешни и актуелни вработени во канцелариите во Денвер и Вашингтон од Службата за управување со минерали при Министерството. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 576 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Американски мевлем за Русите
Пентагон призна дека стратегијата за Авганистан не е успешна
Палестинската полиција го средува беззаконието во Хеброн
Ризик од конфликт на Арктикот
Русија испраќа два бомбардера со голем дострел во Венецуела
Украинците се плашат од распаѓање на земјата
Ураганот оштети 200.000 куќи
Русија ја обвини ЕУ за дволичност
Предлог за реизбор на претседателот Урибе