Брoj 2785  петок, 12 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Украинците се плашат од распаѓање на земјата

МОСКВА - Околу 40 отсто од граѓаните на Украина се плашат од раскол во земјата, а дури 76 отсто се плашат дека би можело да дојде до голема економска криза. Тие загрижувачки резултати од најновото истражување што го спроведе Киевскиот меѓународен социолошки институт - од 1 д 8 септември - покажуваат каква атмосфера во државата создаде жестокиот судир без крај меѓу претседателот Виктор Јушченко и премиерката Јулија Тимошенко.

На сите испитаници им беше поставено прашањето: кои се трите најголеми опасности за Украина? Покрај веќе двата споменати одговора, 25 отсто од анкетираните Украинци се плашат од губење на суверенитетот од страна на Запад. На ранг-листата на стравови на четврто место е целосна концентрација на власта во рацете на една политичка сила, потоа импичмент на претседателот, па дури потоа опасноста од Русија. Четириесет отсто Украинци сметаат дека претседателот Јушченко го одредува курсот по кој се движи Украина.

Судирот меѓу Јушченко и Тимошенко се' повеќе добива карактеристики на голема шоу-програма која едните ги забавува, а другите ги плаши. Никаде на светот не постои премиер на власт кого претседателот го обвинува дека е државен непријател.

Вчера Јулија Тимошенко точно во 10 часот пристигна во Државното обвинителство каде што разговараше со иследниците за труењето на Виктор Јушченко пред четири години.

„Ако претседателот сака, секое утро пред работа можам да доаѓам во обвинителството. Кога човекот кого претседателот на државата го смета за конкурент на изборите го обвинуваат за национално предавство, шпионажа во полза на Кремљ, а сега и за труењето на Јушченко, тоа веќе не може да се коментира“, рече Јулија Тимошенко. Ова е втор пат да ја повикуваат Тимошенко на разговор околу труењето на Виктор Јушченко, иако таа е најзаслужна за победата на Портокаловата револуција и доаѓањето на Јушченко на претседателска функција. (Б.В.)


Статијата е прочитана 753 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Американски мевлем за Русите
Пентагон призна дека стратегијата за Авганистан не е успешна
Палестинската полиција го средува беззаконието во Хеброн
Владини нафтени „инкасанти“ фатени во сексуален скандал
Ризик од конфликт на Арктикот
Русија испраќа два бомбардера со голем дострел во Венецуела
Ураганот оштети 200.000 куќи
Русија ја обвини ЕУ за дволичност
Предлог за реизбор на претседателот Урибе