Фергусон: Торес е обичен лажго
„Фернандо Торес е измамник“, грмеше Алекс Фергусон по дербито со Ливерпул. На стратегот на „бебињата“ беше изваден од такт од потегот на Шпанецот при дуелот со О Ши. „Изнуди прекршок при слободниот удар со кој израмнија, а згора на тоа бараше црвен картон за О’ Ши. Тоа беше потег на измамник, сакаше да го излаже судијата и сите на теренот. Тоа не е гест на професионалец“, додаде Фергусон.
Се надоврза и гостинскиот тренер Рој Хоџсон. „Прекршок беше, но не и црвен картон“.
Нормално, Фергусон се осврна и ��а играта на Бербатов: „Никогаш не сум се сомневал во неговите способности. Минатата година многу го критикуваа, што не чуди кога се знае дека моравме скапо да го платиме. Но, оваа сезона тргна далеку подобро“, вели Фергусон. |