Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Вардар без претседател, оставка на Сетинов

Миодраг Мицковиќ

Долго размислувавме дали да ја напишеме веста дека претседателот на Фудбалскиот клуб Вардар Драги Сетинов поднесол оставка незадоволен од состојбите во клубот и неуспешниот обид да се најде спонзор кој ќе го спаси нашиот најтрофеен клуб од формирање бидејќи како што сега стојат работите ништо добро не му се пишува.

Веста за оставката на Сетинов и не е некоја вест ниту е пак изненадување бидејќи и се очекуваше со оглед дека на сите им беше јасно, особено на оние добри познавачи на приликите во клубот дека тој не е во состојба да го води Вардар со оглед дека нема такво големо искуство, уште помалку пари за да се фати во еден таков тежок потфат, да го спасува Вардар. Тој беше само една попатна станица во таа плејада на сменети претседатели, некои од нив и поднесоа оставка во изминативе седум години. Точно девет ги имаше и ниту еден не успеа да го спаси Вардар од едно црно сценарио од еден невиден колапс по кој тешко ќе може да се извлече.

Почна со Александар Трпевски, кој во меѓувреме почина, потоа на чело на клубот дојде Драган Живковиќ, него на нелегитимно собрание за кое никој и не беше известен го смени Борче Ристевски, па на таа листа се најдоа спортскиот новинар Атанас Костовски, бизнисмените Орце Камчев и Трифун Костовски, непознатиот Бојан Захариев, адвокатот Ванчо Шехтански, па се' до сега веќе заминатиот Драги Сетинов.

Некоја група, наводно членови на собранието на клубот, за в.д. претседател го назначија секретарот на Вардар, Мишо Мајсторовиќ, се' до свикување на ново, веќе којзнае кое по ред собрание на клубот на кое треба да се избере нов претседател. Трагикомично навистина и се прашуваме кој во оваа ситуација ќе се нафати да биде претседател и да го спасува вардаровиот брод кој е одамна потонат и на кој без оглед што веќе му нема спас и се наоѓа на работ да биде расформиран што, исто така, нема да биде трагедија бидејќи веќе на сите им здодеа да се занимаваат со некогашната фудбалска гордост на Македонија. Оние што го доведоа клубот до вакво дереџе мува не ги лази, ниту некој ќе одговара за тоа, никој за овие години не сакаше да мрдне ниту со малото прсте барем да праша: луѓе, ќе го спасиме ли Вардар од овој колапс, од еден кошмар во кој се наоѓаат и играчите и тренерите кои, сепак, заслужуваат честитки што се' уште тренираат и играат иако се свесни дека крајот на Вардар се наближува.

Сега пак, сите очи се вперени во судската одлука која се очекува да биде донесена на 24 септември со која наводно Вардар ќе му биде вратен на поранешниот спонзор Брацо Вујчиќ, кој, тоа не е тајна, финансиски ги помага и Работнички и Тетекс. Но, дали е тоа решение за Вардар. Колку е способен Вучиќ сам да издржува три клуба и каква корист има тој од тоа финансирање бидејќи е јасно, во македонскиот фудбал нема гледачи, нема спонзори, нема пари.

Вардар, ваков каков што е, речиси без ништо на улица, без свои простории, дури и без телефони, без терен на кој може играчите да тренираат, само ја продолжува агонијата, но до кога, на се' има крај.


#
Статијата е прочитана 669 пати.

Испрати коментар

Од: Gotran
Датум: 21.09.2010 15:10:40
Мицковиќ, аман веќе прекини со величењето на Брацо. Нели ти е срам!? Толку си провиден... Еден е ВАРДАР!!!
Од: nikola
Датум: 22.09.2010 09:33:04
do koga vaka so Vardar....... mozebi Vardar ne e Milan Barsa ......,ama za nas vo Makedonija toj e i Milan i Barsa.....BREND. kade se bivsite vardarovi deca,koi napravija svetski karieri,neka brcnat malku i vo svojot djeb,neka pomognat,a ne samo so verbalna pomos.zborat samo digaat prasina i koga treba nigde gi nema.....NA DELO. ajde sega vi e sansata da go napravite toa ,za koe samo zborite iskoristete ja sansata ,mozebi posledna za vas ,ama ne i za VARDAR

Најди! во Утрински
Спорт
Бербатов го избербати Ливерпул
Триумф на Нибали на Вуелта
Прво финале на Дејвис купот за Србија
Стрезовски нов селектор на ракометарките
Меси жртва на крвничкиот старт на Ујфалуши
Македонија без илузии на Шаховската олимпијада
Металург поразени од Севехоф
Фергусон
Димитров сениорски државен првак
Купувачите на Ливерпул го носат Мартин О’ Нил



"""