Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Стрезовски нов селектор на ракометарките

Наследникот на Петковиќ со договор на две години, прва цел пласман во баражот за СП

Роберт Димитриевски

По пауза од речиси цела деценија, Гино Стрезовски повторно доби шанса да ја води женската ракометна репрезентација на Македонија. За разлика од првиот ангажман, кога по два месеца се повлече поради инсистирањето на Кометал Ѓорче Петров тренерот на екипата да биде и селектор, овој пат Стрезовски од Ракометната федерација на Македонија доби две години за да ја спроведе својата визија за македонскиот национален тим. Тој беше прв избор на Конкурсната комисија, која во првиот филтер ги елиминира кандидатите Владимир Глигоров, Драган Нишевиќ, Боро Чурлевски и Борче Маркоски, а Ристо Магдинчев требаше да добие шанса ако Стрезовски не ги прифатеше условите. Но, за такво нешто немаше потреба, бидејќи новиот селектор и претседателот на РФМ, Михајло Михајловски, вчера напладне брзо најдоа заеднички јазик.

„Да се работи и создава, а не да се купува. Тоа е мојот принцип и мило ми е што имам поддршка од Металург, кој дава најголем дел од репрезентативките и каде што тој принцип со успех се применува. Немам амбиции да менувам многу, но инсистирам на континуитет во работата од две години. Да не биде секое мало разочарување и прекин на соработката и на контактите“, вели наследникот на Јосиф Петковиќ, кој поднесе оставка по неуспехот во квалификациите за Европското првенство што во декември ќе се одржи во Норвешка и во Данска.

Увертира на ЕП ќе бидат квалификациите за Светското првенство 2011 во Бразил, кои ќе се одржат меѓу 30 ноември и 5 декември. Македонија е во втората група заедно со Швајцарија, со Азербејџан и со Грција, која го доби правото да го организира турнирот, а само најдобрата селекција ќе продолжи во баражот.

„Посакувам и очекувам да ја поминеме групата, иако во Швајцарките ќе имаме сериозен противник. За таа цел ќе се обидам да ги разубедам ракометарките што најавија повлекување од репрезентацијата“, навести Стрезовски, кој уште денеска треба да се сретне со спортскиот директор на националниот тим Гордана Нацева-Бошева заради прецизирање на планот на активностите и евентуално искористување на неделата на ЕХФ за прв собир на домашните кандидати.

Гино Стрезовски е декан на Факултетот за физичка култура и професор по ракомет. Пред четири години ја водеше машката репрезентација во квалификациите за СП 2007, кога Македонија не стигна до баражот во конкуренција на Чешка, Естонија и Кипар, па пред следниот циклус ја напушти функцијата.


#
Статијата е прочитана 303 пати.

Испрати коментар

Од: Meri
Датум: 21.09.2010 14:21:36
Koja rakometarka ne bi posakala vakov selektor? So golemo zadovolstvo ke doagaat na trening

Најди! во Утрински
Спорт
Бербатов го избербати Ливерпул
Триумф на Нибали на Вуелта
Прво финале на Дејвис купот за Србија
Меси жртва на крвничкиот старт на Ујфалуши
Македонија без илузии на Шаховската олимпијада
Вардар без претседател, оставка на Сетинов
Металург поразени од Севехоф
Фергусон
Димитров сениорски државен првак
Купувачите на Ливерпул го носат Мартин О’ Нил



"""