Триумф на Нибали на Вуелта
Сицилијанецот е само петти Италијанец што победил на трката околу Шпанија
По 3.333 километри, Винченцо Нибали на 75-годишнината на трката околу Шпанија стана прв Италијанец победник на Вуелта по Марко Џованети, кој славеше во 1990 година, и вкупно петти Италијанец победник на третата најпрестижна велосипедска трка во светот.
За време на тринеделните авантури низ Шпанија, 25-годишниот Виченцо Нибали ја жртвуваше етапната слава, но на крајот на 21. етапа во Мадрид вплови со 43 секунди предност пред домаш��иот тркач Езкиела Мускуера.
Во 75-годишната историја на Вуелта славата на италијанските велосипедисти низ Шпанија ја пренесуваа Анџело Контеро (1956), Феличе Џимонди (1968), Џовани Баталин (1981) и Марко Џованети (1990), а 20 години по последниот триумф петти италијански победник стана Виченцо Нибали. Сицилијанецот во три недели не успеа да освои ниту една етапа, но со паметна тактика и конзистентни настапи на крајот успеа да го повтори успехот на трикратниот победник на Тур де Франс, Алберто Контадор кој во 2008 година исто така славеше како дебитант на Вуелта.
Винченцо Нибали („Ликвигас“) последната 21. етапа од Сан Себастијан де лос Рејес до Мадрид во должина од 85 километри ја заврши на 16. место и без да трепне ја одбрани предноста пред Москуера. Шпанецот („Хакобео“) загуби плус две секунди и мораше да се задоволи со второто место пред Словакот Петер Велитс („Колумбија“.
„Пред секоја етапа си велев дека сум тука за да победам. На крајот го остварив својот сон, тирумфирав не еден од трите Гредн-селама во велосипедизмот. Морам да им се заблагодарам и на другите во тимот кој направија многу токму јас да се најдам на највисокото место на подиумот“, изјави Нибали.
Последната етапа беше двобој на најбрзите спринтери. Тајлер Фарар беше за нијанса подобар од Марк Кавендиш, но Британецот остана на првото место во бодовниот поредок, кој зелената маица ја освои со седум поени предност пред Фарар, додека трета година во серија најдобар низ нагорнините е Давид Монкутије („Кофидис“).
Велосипедските возбудувања продолжуваат за десет дена кога во Мелбурн почнува светското првенство кое ќе трае до 3 октомври.
Вуелта, 21. етапа:
1. Фарар (САД, „Џармин“) 2:02:24 часа
2. Кавендиш (В.Б., „Колумбија“)
3. Дејвис (Австралија, „Астана“)
Конечен пласман:
1. Нибали (Италија, „Ликвигас“) 87:18:31 часа
2. Москуера (Шпанија, „Хакобео“) + 43 секунди
3. Велитс (Словачка, „Колумбија“) + 3:04 минути. |