Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Прво финале на Дејвис купот за Србија

Јанко Типсаревиќ стана нов тениски херој на Србија со победата над Радек Штепанек во решавачкиот меч, кој и' донесе триумф на неговата земја од 3:2 против Чешка и прво финале во Дејвис купот. Често непостојаниот Типсаревиќ го заокружи својот извонреден настап викендот, во кој славеше и над Томаш Бердих во петокот, декласирајќи го Штепанек со 6-0, 7-6, 6-4 и изборувајќи и' на Србија домашен дуел во финалето со деветкратниот освојувач Франција.

Во претходниот сингл во неделата Новак Ѓоковиќ го израмни резултат во натпреварот на 2:2 со победата над Бердих од 4-6, 6-3, 6-2, 6-2 по три часа и 14 минути игра пред френетичните 18.000 домашни фанови во „Белградска арена“. Потоа Типсаревиќ предизвика вистинска еуфорија во гледалиштето, оставајќи го на нула Штепанек во првиот сет, кој траеше само 23 минути и во кој противникот освои само седум поени!

„Ова е завршеток на мечот како од бајките. Морам да и' се заблагодарам на публиката за фантастичната поддршка, бидејќи таа не' врати од мртвите“, рече Типсаревиќ во емотивното обраќање од теренот.

Ѓоковиќ додаде: „Навивачите се тие што не' носеа во текот на целиот натпревар и кои ни помогнаа за пресвртот. Сега се насочуваме кон финалето“.

Типсаревиќ делуваше незапирливо кога поведе со 3-1 во вториот сет, но Штепанек се врати во мечот и се избори за тај-брејк, во кој Србинот мораше да спасува сет-поен пред да го освои сетот. Тој тргна фуриозно и во третиот сет, поведувајќи со 4-0, но противникот повторно се врати, а играта на нерви кулминира со двете спасени меч-топки од негова страна. Тогаш на сцена стапи публиката, која стоечки го проследи последниот гем и потоа со овации го награди својот херој.

„Многу сум горд од тоа што го постигнавме и почестен што сум претседател на овој тим“, изјави првиот човек на Српската тениска асоцијација, Слободан Живоиновиќ. Србија од 3 до 5 декември ќе ја нагости Франција, која во другото полуфинале ја збриша Аргентина со 5:0.


#
Статијата е прочитана 323 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Бербатов го избербати Ливерпул
Триумф на Нибали на Вуелта
Стрезовски нов селектор на ракометарките
Меси жртва на крвничкиот старт на Ујфалуши
Македонија без илузии на Шаховската олимпијада
Вардар без претседател, оставка на Сетинов
Металург поразени од Севехоф
Фергусон
Димитров сениорски државен првак
Купувачите на Ливерпул го носат Мартин О’ Нил



"""