Купувачите на Ливерпул го носат Мартин О’ Нил
Уште не седнат клупата на Рој Хоџсон таа почна да му се ниша. Според, „Дејли Мејл“ два конзорциума заинтересирани за купување на Ливерпул го гледаат ирскиот стратег Мартин О’ Нил за ново решение. О’ Нил до неодамна работеше во Астон Вила, а замина пет дена пред почетокот на првото коло поради несогласување со сопственикот Ренди Лернер. |