Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

„Бумеранг“ по своја глава

Љубиша Станковиќ

Премиерот Никола Груевски, инаку познат по своето доцнење, со изјавата што во саботата ја даде во скопската Зоолошка градина избрза два дена! Груевски, веројатно во намера да ја пофали ефикасната работа на МВР, меѓу останатите полициски акции ја спомна и онаа со оперативно име „Бумеранг“, но премиерот не знаел дека таа ќе му се удри од глава, со оглед на тоа што случајот заврши со казни доволни за да се покрие „работењето“ на полицијата.

Доволни се прстите на двете раце за да се пресмета колку време мина од реализацијата на акцијата „Бумеранг“, па да се сфати колку време обвинетите полицајци минале во куќен притвор или во истражен затвор. Дали и овие казни ќе о(п)станат ќе почекаме да дознаеме, но она што ќе остане забележано е конвојот од полициски возила и специјалците во нив и превезувањето на полицајците од преминот Табановце до скопскиот суд. Многу театар за поткуп од само неколку евра!

Како и да е, вистинското прашање е дали тука почнуваат и завршуваат корупцијата и организираниот криминал? За премиерот Груевски овој и ваков „Бумеранг“ е случај, како што самиот рече, што „ќе влезе во нашите учебници по криминологија, но можеби и на другите факултети“.

Зар премиерот навистина смета дека со „Бумеранг“ ја спречил корупцијата и дека сега ова треба да се изучува и на факултетите? Нему и на министерката Јанкулоска им се случи и „Змиско око“, но поука од случајот изгледа нема? Затоа е за верување дека следното големо апсење најверојатно ќе добие оперативно име „Картун нетворк“, ако ништо друго само за да личи на цртан филм.

Конечно, изјавата на премиерот Груевски беше дадена во Зоолошката градина во Скопје, па како таква и нека остане запаметена.


#
Статијата е прочитана 1930 пати.

Испрати коментар

Од: Prijatel
Датум: 27.04.2010 02:31:13
Grujo samo diga prasina onie so po pet evra gi hapsuva a drugite po 8 milioni evra gi amnestira ili e prodava drzavata za nekolku kuferi so dolari kaj pari sto busat ni diamant burgia ne busi koj rabiti i ima ali kako legalno ili ne legalno...
Од: Ivan
Датум: 27.04.2010 06:38:15
Kako pocnale so ,,apsenjeto,,,mozebi ce pocnat da gi apsati i nivnite funkcioneri-alcni profiteri- na koi im dadoa dvojni funkcii i koordinatori na partijata i gradonacalnici?!!!
Од: Трпе
Датум: 27.04.2010 07:41:29
Човек ако го бидува за се си го бидува.Така нашиот ни мистер мр Рејтинг,продолжува да се надоградува.Човекот магистрираше за привлекување на странски инвеститори и сега гледаме што се случува,инвеститорите чекат на ред.Сега продолжува да се надоградува со криминалогија и сигурно докторатот ке му биде од ова област.Сега ги собира пишуваните книги од кои ке учат идните полицајци.Човекот се надоградува како партиската програма што ја прошири и надогради.Кога човек го бива за се го бидува,за глумец,боксер,илузионист,брокер,министер(економи,финанси)а сега и како прв човек ни направи да ни цветат рози.Остваруват(за личен интерес)
Од: Крт
Датум: 27.04.2010 08:06:59
Ни едно апсење не е вредно се додека во Македонија не се спроведе акција со конспиративно име ,,Братучеди,,.а може и ,,Промаја,, за да се очисти контаминацијата што ја прави ДПМНЕ.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.04.2010 08:30:43
Изместена перцепција за поткуп,демек малку пари нее поткуп туку нормално однесување.Така и со оние на наплатните рампи,најголемата патарина е околу 400 ден отприлика,е сите добро знаат да и оние 30 ден за автомобили кога ќе се соберат десетина на ден прават уште еден личен доход по вработен месечно најмалку.На годишно ниво стотици дури милиони евра опљачкано.Е сега е до судовите за кој сите и домашни и надворешни фактори ви кажуваат дека се проблем во државата,да не сакате случајно да владата апси и суди истовремено е тогаш ќе имаме тоталитаризам за кој секидневно се вергла.
Од: nekojsi
Датум: 27.04.2010 09:05:19
Ha,ha od zooloska gradina daden komentar. Mnogu duhovito..i vistinito za zal. Uste malku ke docekame od pred nekoe selsko granapce sednat so pajtasite premierot da dava "fraerski" inaetciski izjavi upateni na adresa na EU.
Од: Antifasist
Датум: 27.04.2010 09:55:03
Од пилци квачки не бидува, ниту може да снесат јајца ниту нешто да исквачат. До да ја покакаат државата ни - можат, и тоа успешно го чинат. Каде ни е крајот, кога тие истите ги вработија сите оние кои се најгрлати во оправдувањето на ликот и делото на фирерчето. Господе помагај. Кум - не им е дораснат - понапредни се ( сте го гледале филмот)..
Од: јас
Датум: 27.04.2010 10:00:24
Абе човекот не е свесен дека сите фалби му се удираат од глава !! Дали има некој салам човек во неговото опкружување што има мад*** да му каже на фирерчето дека греши ( скоро во се’)??
Од: Prilepcanec
Датум: 27.04.2010 10:13:34
Koj rece g.Rejting?!Pa premierot ne sfati deka e samo domakin na makedonskoto opstestvo,i deka treba na gragjanite-ne samo na familijata i tajfata,da im ovozmozi rabota za samite da si go zarabotuvaat lebot.A toj gospodin od site cosovi na drzavata se zakanuva!Gospodinot premier e golema zakana za site gragjani.Go zede stapot v race i se razmavtuva na site strani.ne daj boze da se fokusiral na nekoja kategorija gragjani-otide na utrinsko kafe-muabet vo policiska stanica.A toj nasmean postojano gi potsetuva gragjanite:nie rabotime,a od negovata rabota samo apsenja,instrumentalizirani stecajci,koi kojznae zosto ne vikaat protiv Tito,a bi mozele,ako im se sugerira,deka toj e vinoven sto zamina i sto gi ostavi socijalno nezgrizeni.Go izbraa g.Grujoski,a toj od rabota ne moze da vidi deka niti nesto napravil,niti nesto popravil.
Од: Никла
Датум: 27.04.2010 10:16:05
Народот вели „Стравот го чува бостанот, а не падарот“. Немојте многу да се секирате за резултатите во борбата со корупцијата. Таа е осакатена, и како што е ред болниот мора силно да вика за помош!
Од: evropa
Датум: 27.04.2010 10:24:50
Gospodine feliks koj toa zarabotuva edna plata od patarinite.Osudenite od zmisko oko mislam deka ne odat na rabota.A ako mislis za drugite vraboteni ,pa neli tie ne kradat,samo posteno si kupuvaat gipovi,stanovi.Gospodine kriminalot e vo ovie sega sto se na patarinite a ne vo tie drugite.

Најди! во Утрински
Насловна
стил 482
Владата милува да се задолжува кај Светска банка
Зденко
Избирачкиот список стана државна тајна
Груевски не рече не за „Северна МакедониЈа“
Специјална програма на Би-Би-Си за годишнината од смртта на Тито
ВМРО-ДПМНЕ ја смирува топката по референдумската бура
Исланд - природата е главна
Жените што претендираат на „кафезот“ во Даунинг стрит
Сигнали на нервоза
Груевски ја чека дозволата од Грција
Домашна ТВ-серија е како домашна храна
Македонија е Шутка - тепајте!
Големиот тлеечки оган од срцето на Земјата
Ерван Фуере распали по Владата
Десницата во Унгарија доби двотретинско мнозинство