Владата упорно бега од аранжман со ММФ за да троши пари без контрола
Александрија Стевковска
Владата продолжува да се задолжува кај Светска банка, трупајќи ги долговите на државата спрема оваа институција. Последната најава за вакво нешто пристигна од Вашингтон, од каде што министерот за финансии, Зоран Ставрески, посочи дека земјава повторно ќе земе кредит од СБ, овој пат во висина од 40 до 50 милиони евра годишно, за проекти од енергетиката и катастарот. Наспроти пристигната информација за ново задолжување во СБ, Владата и понатаму упорно бега од аранжман со ММФ како ѓавол од крст. Според експертите, тоа јасно покажува дека Владата останува на курсот за трошење пари без контрола.
„СБ ги дава кредитите без условувања за водењето на економската политика во земјата која го зема кредитот. Таа дава поволни кредити, односно услови за нивно враќање, без барање за исполнување одредени критериуми и обврски од страна на Владата. Овие средства можат да се користат и за буџетска поддршка. Сепак, се работи за ново задолжување, чиј товар за враќање ќе го почувствуваат сите граѓани во наредниот период. Од друга страна, задолжувањето кај ММФ бара одредена економска политика и контрола на трошењето. Покрај се', тие пари не можат директно да се искористат за буџетска подршка, туку одат во НБМ. Ова покажува зошто Владата преферира да се задолжува кај СБ, а не кај ММФ“, вели Никола Поповски, поранешен министер за финансии.
Со идентично размислување е и Џевдет Хајредини, исто така, ексминистер за финансии, кој своевремено прв ги започна преговорите за задолжување на Македонија кај двете меѓународни институции. „Влада која нема чиста совест и добри намери во фискалната политика бега од аранжман со ММФ. Независно од тоа што СБ и ММФ се меѓународни институции кои не се сосема различни се разликуваат во начинот на одобрување на финансиската поддршка на земјите. СБ финансира конкретни проекти и таа од Владата бара рационално користење на средствата наменети за тој проект. Притоа, постои механизам доколку проектите не се реализираат, средствата да бидат повлечени. ММФ, пак, не дава средства за конкретни проекти, туку за поддршка на платниот биланс. За да се дојде до таа поддршка, потребно е да се склучи стенд-бај аранжман со кој Фондот наметнува водење рационална буџетска политика“, вели Хајредини.
Според него, тоа се главните причини зошто Владата на ВМРО-ДПМНЕ и во првиот и во вториот мандат ги избегнуваат аранжманите со ММФ. „За да ја избегнат контролата во трошењето, тие се одлучуваат да не склучат договор со ММФ, при што забораваат дека приватнит�� инвеститори го читаат ова нивно однесување сосема јасно, па поради несигурноста на овдешната економска политика, ја заобиколуваат земјава“, додава Хајредини.
На Пролетните средби во Вашингтон е договорено дека Македонија да добие поддршка од СБ за реализирање проекти во енергетскиот сектор и катастарот. Во меѓувреме, течат и останатите административни реформи во социјалната сфера, за кои обезбеди средства оваа финансиска институција. Според најавите, при разговорите била утврдена и рамката на проектите што треба да ги опфати следната четиригодишна стратегија на Светска банка со Македонија. „Побаравме да има проекти за инвестиции посебно во енергетиката. Од СБ добивме ветување дека Македонија ќе биде поддржана во енергетскиот сектор. Веќе е договорен еден проект за 2010 година, за МЕПСО, за изградба на интерконекцијата меѓу Македонија и Србија. Разговаравме и за втор проект, исто така, од областа на енергетиката, кој би се реализирал во 2011 и 2012 година. Најверојатно, тоа ќе биде изградба на една хидроелектрана за што дополнително ќе треба да ги продолжиме разговорите“, изјави Ставрески.
Ова би бил втор заем на Македонија од СБ годинава. Првиот тежеше 20,5 милиони евра, кои земјава ги доби како буџетска поддршка, а договорот за негово користење беше потпишан кон крајот на март. Средствата од тој заем се наменети за буџетска поддршка и тие се доделуваат како резултат на реформи на владините политики. Со тој заем се поддржуваат реформите во процесот на управување на јавните расходи, во системот на социјалната политика, како и зајакнувањето на стабилноста на финансискиот сектор.
Vladata dolzi ogromni pari tuka doma,na bankite,a i na stopanstvenicite.Veke skoro i da nema od kogo da zajmuva pa SB e navistina najpovolna varijanta vo momentov,dokolku nema nekoj posebni uslovuvanja(pisuva deka nemalo).Vo Juni stigaat ogromni dolgovi koj treba da se vratat na domasnite banki so kamatite, a ne se sigurni dali i kolku ke ponudat bankite povtorno, so obzir na toa sto kamatite se namaluvaat(a i treba uste malku da se namalat).Toa e preturanje od suplivo vo prazno, no drug izbor vo momentov nemaat, osven da ja odolgovlecuvaat finansiskata agonija vo koja zapadnavme so prekumernoto zaposluvanje vo administracijata, naludnicavi, nepotrebni i skapi proekti, a da ne go spomnuvame i "zgolemeniot obem" na potkradnuvaje(tenderi, zletovici,..).Tuka se i standardnite i neizbezni trosenja na reklami, promotorstva i slicni ludorii.Ako ovoj kredit ne go zemea, ke imase problemi so kursot na denarot, vaka barem do krajot na letovo ili tamu do"zimnicite"ke bidat mirni.Potoa od novo se
Од: Blue fighter: 10% od parite za "Skopje 2014-ta
Датум: 27.04.2010 01:56:47
Istata politika Grujo ja vodese i kako Minister za finansii kaj Ljupco,pa zosto sega bi sakal da bide kontroliran za nebuloznite i rasipnicki trosenja na narodnite i pozajmenite pari. Ne im pagja na pamet da se otkazat do ogromnite sredstva so koi plakjaat i tugji i nivni za da se realizira Ace so Bukefal i drugite barokni plagijati rasposlani vo Centar,tuku se zadolzuvaat so krediti koi gi ostavaat da gi vrakjaat drugi posle niv.Voobicaena e semata za galantno vladeenje so koe treba da bidat zapameteni kaj narodot,nasproti sekoj sto mora da stedi za da gi vrakja kamatite i kreditite za ispolnuvanje na nivnite frustrirani zelbi.Penziite na kredit,platite docnat,zdravstvoto vo kolaps,ekonomijata haoticna,ama toa ne e prioritet,tuku Stavre da si obezbedi mesto nazad vo SB,a Makedonija da gi plakja dolgorocno nivnite ugursuzluci.Kako po Ljubco,kje vidat site koj i kakov bil Kole,ama otkako bidat uste posiromasni generaciite koi se zrtvi na nivnata alcnost i nesovesnost.Lekcijata ne e nauc
Од: Трпе
Датум: 27.04.2010 07:23:29
Нормално е дека пропагандната блада ќе се задолжува со кредити.Сигурно таа нема да ги врака.Нека муја мислат тие што ќе треба да ги вракат.Од ММФ не и требат затоа што ним и сметат контролори,каде ке бидат потрошени тие средства.Без разлика што каматите се пониски.Затоа бладата бега како гавол од крст.Но кога едно куче ке се омрси пред месара,како нашиот ни мистер мр Рејтинг,кој како министер за финанси добро се омрси со 4 стана можеби и нешто друго,што да се очекува сега од него ни сто стана(во толкава вредност)не му се доволно.Остваруваат(за себе).
Од: Revoltiran gra]anin
Датум: 27.04.2010 07:59:40
Неконтролирано трошење на народните пари - подобро да напишете - неконтролирано на кражбите.Видено на Балканот. Властодршците стануваат најбогати луге во државата.За да не му текне на народот- пуштете му ја мамката - квазипатриотизмот, поубав живот и така не може да му обезбедат. Срам.Ужас.Безобразлук.
Народот не може да го препознае филмот, веѓе е видено на овие простори. Се наполнија со пари а народот се испотепа , Народе сето ова е точно, дури и извештаите на НИВНИТЕ ревизори велат, матење,матење,матење...
Од: nekoj
Датум: 27.04.2010 08:23:13
Ako, ako..na ovoj narod toa i mu treba! 20 godini go gazat site sto ke dojdat na vlast, 20 godini go maniuliraat..tone vo siromastija, nesigurnost, bezzakonie..Mesto da zivee mnogu podobro ke zivee poloso... Finanasira spomenici na tugi heroi..finanasira legalen kriminal..hm ova: legalen kriminal. dobro zvuci...itn. itoa bez da mrdne so prst! Zatoa velam, kako zamaeni se site..Makedonija e propadnata rabota..ne znam dali ke se izvlecete...
Од: vaga957
Датум: 27.04.2010 09:41:29
Зошто да не се задолжува кога сето тоа тие ќе си го земат а народот ќе го враќа убавина..........
Од: Od mene
Датум: 27.04.2010 14:55:31
Kakov katastar, kakvi proekti od energetika!!!
Go prati Grujo da bara pari, Makedonija e pred bankrot.
Toa se slucuva koga se raboti 24/7,.
Cekajte penzii, cekajte lekovi, ke ima, ke doneser Stavrevski. Umen toj na majka..