Премиерот веќе се чувствува како политички победник во случајот околу летот на авионот
Тамара Грнчароска
Грција се' уште тактизира со дозволата за прелетување за владиниот авион со кој премиерот Никола Груевски би требало да патува на конференцијата на „Економист“ во Атина. И вчера попладне, два дена пред стартот на конференцијата, официјална Атина молчеше за тоа дали ќе дозволи слетување на авион со ознака МКД на грчка територија.
На молкот од Атина со молк одговори и нашата Влада, од каде што вчера информираа дека се' уште не е донесена одлука за учество на премиерот на конференцијата, но оти одлуката ќе биде донесена во текот на вчерашниот ден. Сепак, според неофицијални информации, на говорот на Груевски за конференцијата на „Економист“ се работело веќе неколку денови, а тој не го откажал ниту учеството кај организаторите.
Без оглед на одлуката на Атина, Груевски верува дека од оваа „битка“ во секој случај ќе излезе како победник. Доколку не се дозволи прелетување, новата грчка влада на Јоргос Папандреу ќе биде поригидна од претходната на Константин Караманлис, кој веќе дозволи да слета владиниот авион со спорните ознаки МКД, но за конференцијата на ОБСЕ на Крф.
Доколку Грција, пак, направи пресметана отстапка со давањето дозвола, Груевски верува дека повторно ќе биде во позиција на добитник, бидејќи владиниот авион со ознаката МКД слетал во Атина.
И додека трае тактизирањето околу прелетувањето, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас, изјави дека Грција продолжува да водиме отворена, но агресивна дипломатија околу спорот за името. „Отворено ги кажуваме нашите барања. Се придржуваме до црвената линија што ја развиваме заедно со мнозинството политички сили во државата“, изјави Друцас. Според него, грчките аргументи се логични, разбирливи и наидуваат на поддршка што ја има изменето играта, но недоволно за да се најде решение. Друцас смета дека за наоѓање решение е потребен соговорник, а Груевски се' уште нема покажано волја за преговарање.
Осврнувајќи се на претстојното претседавање на Македонија со Советот на Европа, тој обвинува дека „ФИРОМ стапнува на лизгав терен, сакајќи да ја злоупотреби оваа позиција за да ги протурка своите ставови“. „Но, такви дела и ставови се сигнал за незрелост на една држава што сака да се приклучи кон ЕУ“, вели Друцас.
„Нашата позиција е добро позната, едно име со географска одредница за севкупна употреба. Ова е јасна и искрена позиција. ’Северна Македонија’ е дел од предлозите на медијаторот Метју Нимиц и јасно е дека се совпаѓа со рамката за името што ја наведов“, вели Друцас, потенцирајќи дека тоа е став на Грција и на мнозинството грчки политички партии.
Интервјуто на Друцас за ставот на Грција доаѓа еден ден по изјавата на Груевски дека ќе организира референдум доколку дојде предлог „Република Северна Македонија“ за севкупна употреба од страна на Нимиц. Ваквата јавна најава од Груевски, но и од грчката страна за позициите на Атина, според европретставникот Ерван Фуере се контрапродуктивни. „Со јавни изјави од двете страни ова прашање нема да се реши и тоа може само да доведе до недоразбирања. Според мене, потребно е двете страни итно да седнат и да преговараат, за да најдат решение“, смета Фуере. Според него, изјавата на Груевски за „Северна Македонија“ само ја нагласува итноста за билатерални разговори меѓу Македонија и Грција за наоѓање решение. „Мислам дека зборувањето за референдум сега е прерано, бидејќи се' уште не сме во фаза на финални преговори за конечно решение“, смета Фуере.
Nikola vo Atina ce go postavi prasanjeto za odstetata za egejcite i ce im kaze na grcite deka nie ne sme sloveni tuku Anticki makedonci.
Од: struzanec
Датум: 27.04.2010 00:34:15
Kako be ja ceka dozvolata?Zarem tolku ne slusnavte ili procitavte deka Grueski ja otkaza svojata poseta?
Ili taka vi odgovara?
Од: nekoj
Датум: 27.04.2010 00:52:23
Eve jas licno koga bi sakal da ostvaram nesto kako: da sednam na masa i da se dogovram so grcite, da razgovaram, ke najdam nacin da otidam! Ako treba i so avtomobil so stranski tablici-vazno ke se dogovram. Dosta Gruevski go zamajuvas narodot! Te procitavme uste koga trebase da ne primat vo NATO, koga zamina vo Bukurest so tajfa na luge, ama se vrati porazen, koga lazese deka rabotiz za EU a se sto pravese bese sprotivno. Toj sto saka da najde resenie ke NAJDE, a toj sto zamajuva so nacionalizam zavrsuva so poraz. Kaj i da e ke te smenat, no za zal narodot docna ke se rabudi i mislam deka ke bide vo sko koga ke vidi kolku e saatot.
Од: Некој е наивен
Датум: 27.04.2010 07:36:07
Не се седи на маса и договара. Едно зборуваат во јавноста а ни мислат зло. Поголем проблем се домашните „патриоти„ кои злоупотребуваат народни обележја за оцрнување на Македонија. Итар Пејо воопшто не знае што пишува понекогаш - само го оцрнува народното име. Суд и упорност ќе го зачуваат и името и идентитетот. Лапонците си го сменија името па сега се ни на небо ни на земја.
Од: Patriot
Датум: 27.04.2010 08:29:05
Срамота за премиерот. Не чувствувајки се кадарен било што друго да му подари на народот, т.е. држава со сите нишани, егзистенцијална сигурност на секој граѓанин, повторно им нуди патриотизам.Јас сум патриот - да живеам јас.Дали знае нешто да сработи - освен катадневно да доцни - што веке стана дегутантно и срамно.
Од: cile
Датум: 27.04.2010 08:49:56
politicki pobednik ako ne dobil dozvola?kako moze da bide politicar pobednik koga mu trpi narodot nema za leb nit za lecenje......vrati se brane gruje ne odnese vo nevuidena siromastija.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.04.2010 08:59:53
Невидено подбуцнувачко писание на новинарката.Ги иритира соседите за некакво однесување кое никаде нее искажано дури ни наговестено,ама се има телепатски склоности и се знае се однапред.Тоа што премиерот таму ќе ја преставува државата нее важно за новинарката,важно е да се урниса посетата со малициозни опсервации се со надеж соседот да реагира негативно.
Од: nekojsi
Датум: 27.04.2010 09:14:29
Ako e nekoj patriot, togas nema ni da pomisli da sedne da pregovara za imeto. Ako pak e za EU, dosega ke najdese resenie, a ne kako malo dete inaet da tera. "Prerodbenikot" ne e ni patriot ni Evropeec. Neka prodolzi da laze nepismeni i ponatamu.
Од: dedodimo
Датум: 27.04.2010 09:29:49
Luge moj mili Makedonci vo faza ste ili da ostanite toa shto ste Makedonci i zemjata nasha da ostani MAKEDONIJA ili da se izgubite za sekogash kako narod i kako drzava .Nie treba da imame dostoinstvo i veseli da sne toa shto sme ,eden od najgoriot narod na ovaa planeta MAKEDONCI a ne da postanime predavnici i da izgubime sve Ako go izgubime toa shto go imame i za toa shto nashite pretci sekogash zalea ,togash nie sme MIZERIJA a ne svet narod .Nie ne mozime na Grcite da mu se namestuvame kako tie shto sakaat ,oti ke e izgubime i taa chest shto e imame a bes chest se znae nikoj ne te rachuna za chovek e sega razmislete sho sakam da vi kazam.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 27.04.2010 10:07:31
Народната поговорка околу Летањето е одамна позната!Колку е некој повисоко и лебди над облаците,толку е поголема можноста за посилно приземјување!Распрснувањето магла,поради лични каприци,или фрустрации,е токму она што најубаво и` прилега на псеудополитиката!Претставата за нас,најчесто се отсликува преку политичарите,кои нè претставуваат!Гледано однадвор,преку ликот и делото на „нашите“креатори на надворешната политика,најчесто ќе ни прилега изгледот во народната: „Си играле дечињата!“!За жал,Новосоздадениот „Фолклор“ е нераздвоен дел и од „нашата“надворешна политика!
Од: makedonce
Датум: 27.04.2010 10:09:27
sto bara gruevski vo atina ,im kaza deka makedonija ne menuva ime,bravo grujo
Од: Dedo Cezar
Датум: 27.04.2010 11:44:27
Dedo Dimo! Ne znam dali si navistina dedo, no prestani so tvoite prazni bildanja na patriotizmi dostoinstva iu slicni gluposti. Zboruvas za miszerija. Pa zarem ima pogolema MIZERIJA od nasva . pa kade ti se ocite. preku 50% od nase3lenieto nema rabora , gladni se ziveat vo beda i siromastija , i site okolni zemji koi bea zad nas ne nadminaa. Jas imam edne zivot i sakam istiot da go ziveam dostoen , evropski kako sto dolikuva na 21 vek, a ti ako sakas sonuvaj za Bukafal za Gavgamela i sl raboti koi se slucile pred 2300 godiniMozes da se krstis i Cezar , no ako si beden i gladen ti si bednik , nezavisno od tvoeto slavno ime. I ajde molimte prestani da treskas takvi kvazipatriotizmi.Ako ti e tebe " ispran mozokot" ili si partiski vojnik, ne znaci deka ostanatiot narod e slep i ne gleda kon sto ne vodi seto ova
Од: Aнгел
Датум: 27.04.2010 14:27:18
A бе дедо Цезар Грција се врати пред 2300 г. и рече дека името Македонија е грчко и немате право да го носите александровото име и знаме. А не е тоа проблемот туку е во тоа што кога ја анектираа пола Македонија таму имаа само 8% Грци. Од каде бе Македонија грчка поим немаш.