Евроамбасадорот Ерван Фуере вчера ги предупреди Владата и владејачката партија да не го поткопуваат напредокот што го направи земјата кон ЕУ минатата година. Без ракавици и без скриени пораки, тој изјави дека „Владата и владејачката партија треба да се потсетат на одговорностите што ги имаат како земја-кандидат и да се воздржат од какви и да е активности што го поткопуваат напредокот направен минатата година“.
Како потврда на тоа, тој наведе неколку закони кои не ги рефлектираат стандардите на ЕУ, како тој за недискриминација во кој Владата не ја вклучи сексуалната ориентација на која инсистира Брисел, како и законот за водите, чие усвојување е одложено на неопределено време. Тие, според Фуере, ќе бидат негативни точки во годинешниот извештај за земјава. „За жал, последните неколку закони ја оддалечија земјата од ЕУ“, оцени тој.
„Владата треба да внимава многу повеќе на ЕУ-агендата“, предупреди амбасадорот. За него спорни и загрижувачки се и именувањата во независните тела кои се повеќе политички мотивирани отколку од објективни критериуми, како неодамнешното именување во Судскиот совет.
Фуере, кој изминативе недели не беше во земјава, со вчерашната изјава и заѕвони на власта дека „големиот одмор“ заврши и дека потезите и чекорите што ги ги прави почнуваат да ја иритираат ЕУ, особено по позитивната препорака за
Македонија од Европската комисија во ноември. „За жал, тоа што го видовме последниве месеци покажува дека оваа препорака е поткопана од неколкуте одлуки што беа донесени“, рече Фуере, апелирајќи да се направат обиди и да биде осигурано сите закони кои треба да се донесат и нивната имплементација, да бидат такви што ќе и' овозможат на Комисијата да ги рефлектира позитивните оцени во извештајот во ноември.
„Како што знаете, извештајот веќе се пишува“, нагласи евроамбасадорот. Но, освен неследењето на европската агенда, Фуере ја обвини Владата и за неработење. „Има тенденција откако е добиена препораката, да се седи и да се чека“, констатира Фуере.
За евроамбасадорот дискутабилна е и реформата во јавната администрација која, според него, се' уште е во почеток. Тој, иако позитивно ја оцени јавната дебата организирани од Владата за извештајот од експертот од Словенија, сепак, додаде дека е важно да се имплементира тој извештај. „Не е работата само во тоа да се одржи состанок што ќе ја реформира администрацијата, која сега е политизирана“, рече Фуере, според кого неуспехот да се создаде професионална администрација ќе ги поткопа перформансите на земјата кога се зборува за реформите.
Додека Фуере критикуваше и ��редупредуваше дека Владата и владејачката партија не ги слушаат советите од ЕУ, вчера пред Националниот совет за евроинтеграции вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, раскажа сосема поинаква приказна.
Презентирајќи го извештајот за првиот квартал од оваа година за исполнување на Националната програма за усвојување на европското законодавство, Наумовски се пофали дека досега не е забележан ваков напредок во овој процес, како во изминативе три месеци. Наумовски, кој по отсуство од неколку седници вчера го удостои НСЕ со свое присуство, во презентацијата на постигнатото наведе бројка од 33 усвоени закони, 10 во собраниска процедура и уште 15 кои се во владина процедура, од вкупно 106 предвидени за донесување во 2010 година. „Темпото кое беше наметнато во почетокот на годинава ќе доведе до успешно имплементирање на Националната програма до крајот на 2010 година“, рече Наумовски.
Во отсуство на повеќе претставници од опозиционите партии, седницата на Советот помина во најконструктивна атмосфера досега, со ред пофални зборови за сработеното од Владата на патот на евроинтеграциите. Честа на опозицијата вчера во НСЕ ја бранеше само Тито Петковски од НСДП, кој упати неколку критики за сработеното, порачувајќи да не се создава идилична слика за усвоените закони.
„Не е целта само да се усвојат, туку да го оживотвориме она што сме го зеле како обврска. Тука паѓаме на испит“, рече Петковски.
Наместо Наумовски, во одбрана на Владата застана пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Поп Арсов, претседател на собраниската Комисија за европски прашања, кој за законот за антидискриминација рече дека сексуалната ориентација е опфатена во Законот за работни односи и индиректно во Законот за државни службеници.
Е, Фуере е доволно толериран со своите укажувања, /читај отворено мешање во работата македонските институции/ па сметам дека е дојдено времето Македонија да му се заблагодари , а воедно и да се се збогува со него. Има уште земји-кандидатки, на кои им треба неговата помош.
Од: nekoj
Датум: 27.04.2010 00:24:37
G.Fuere, ne ja biduva Makedonija. Ili EU neka krene race i batalete gi ovie prostori (sto ke mi bide mnogu zal) ili daj pomognete da se smeni ovaa garnitura. Gledate li sto se slucuva? ili ajde zemajte ne vo EU kako FYROM pa posle neka se resava imeto... Od sekoe drvo svirka ne biduva, taka i od sekoj narod civilizacija ne biduva. No moze so pomos i da ne bide.
Од: marinka
Датум: 27.04.2010 00:42:49
vmro se odnesuva kako gluvo kuce ulicari nit eu ne slusa nit nisti sednala na vlaST I MISLAT AMERIKA SE KAO DA SE SLEPI NE GLEDAT KAKO NAROD ZIVEE.
Од: Реган
Датум: 27.04.2010 01:15:21
Во својата омраза кон владеачките партии не ја гледате Македонија.И доста со тие со пинаква сексуална ориентација!Зарем не гледате дека и бискупи паѓаат поради поинаква сексуална ориентација!
Од: oxox
Датум: 27.04.2010 03:35:28
Vreme e ovoj gospodin da se proglasi persona non-grata i da se istera od Makedonija....Pa coveku ti si diplomat ne sovetnik.......Ova e otvoreno mesanje vo Vnatresnite raboti na Republika Makedonija........Go home loser
Од: Kimov
Датум: 27.04.2010 04:49:26
Mnogu sme go razgalile Fuere i Riker. Da ne se mesaat kade sto ne imje mestoto. Vremee da se zamenat so drugi licnosti.
Од: nacional-patriot
Датум: 27.04.2010 05:53:14
Fuere tuka e gostin i treba da ja pocituva drzavata,a ne da bara ona sto ne smee da go bara,nitu da se zakanuva so destabilizacija.Makedonija ke si ostane Makedonija.Onoj sto se potpisuva kako dete begalce izgleda ne mi gi razbira moite komentari.Go pisuvam ona sto prethodno go kazale svetski istoricari,a toa e deka naslednici na antickite Makedonci ne se takanarecenite Grci,Bugari,a ne se nitu Gegite,Srbite,Toskite,tuku Makedoncite.Makedoncite nemaat zaednicko poteklo so takanarecenite Bugari,a ti imas isti stavovi so bugarofilite tuka za promena na imeto i zatoa ti dete begalce si bugarofil kako niv.Ajvan doktorot(ako e toj)treba da znae deka vo antikata nemalo "bugarski" identitet.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 27.04.2010 07:30:02
ЕУ треба да помогне на граѓаните на РМ со уште поголем притисок за да се практикуваат европски вредности. Без таков силен притисок ние не одиме напред.
Од: Koj ceka ke se uspie
Датум: 27.04.2010 07:59:35
Regan ne e toa omraza do vladata toa e razumot kaj narodot.40 % procenti od narodot e nezaposlen 50 -60 % se isplaseni za svojata idnina 40 % kako tebe se poltroni na vlasta koja na obicniot makedonec voopsto ne mu e bitna.Toa e rezultatot na seto ova .Kade e idninata Moze li tie pari sto gi imate da gi podelite so site vo Makedonija koja tolku ja sakate pa da ima nekoja si idnina - Ne mozes li ti i tie kako tebe da sfatat deka narodot ne e protiv VMRO tie si sakaat rabota dobar son da ne mislat sto ke stane utre so niv ili so nivnite deca i familii.Se se mrdnalo od kolosek razbiras li ti=????!!!!
Од: забеган
Датум: 27.04.2010 08:05:28
Така тие кога нашиве политичари место Мозок во главите имат КАРФИОЛ.Да дојде еден Фуере да ти Попува.Одете бре Политичари у ВАРДАР сега додека има доволно вода.Да ве однесе што подалеку од МАКЕДОНИЈА.
Од: Nato-Jato
Датум: 27.04.2010 08:10:17
Fuere si ima vlada svoja vo Irska tamu neka raspaluva , a za nas neka ne se sekira!!!!!
Од: novoselec
Датум: 27.04.2010 08:27:33
Fuere e od Irska. Irska bese pod slicen pritisok od Anglija da go smeni imeto. Fuere toa go znae podobro od nas. Ircite go izdrzaa pritisokot. A nie? Pod komunizmot konecno dobivme zvanicen identitet a sega negovite derivati kje go prodavaat za fondovi i vlast?
Од: Bojan
Датум: 27.04.2010 08:40:36
Mozebi Gospodinot Fuere i e vo pravo, megjutoa nesomneno ova e dlaboko meshanje vo vnatresnite raboti na Republika Makedonija. Fakt e deka predlozenoto ime ne ni odgovara. Dali so ovaa izjava Fuere dokazuva deka vsushnost "Republika Severna Makedonija" bil predlogot za koj se pregovara?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.04.2010 08:44:18
Пак селективна,,распаљотка,, на Брисел преку нивниот представник тука.Ги дигнаа на пиедестал правата на оние со сексуална девијација а во исто време никва грижа за човековите права на нашинците кај соседите а нивни членки.Само 3000 евра казна и ,,вози Мишко даље,,.Истиот не убедуваше кога бевме згрозени од правењето облека од наши кожинки да не дигаме тензии оти е контрапродуктивно визави добрососедските односи.се на се ептен изместено однесување на оние кој заговараат европски вредности.
Од: Ристо Тетово
Датум: 27.04.2010 08:45:59
Никој сосила не не тера да се дружиме со ЕУ. Напротив ние сме ја искажале својата желба за дружба со нив. Кави се - такви се , наша е желбата (ако навистина е на оваа влада) и НИЕ треба да се прилагодиме - не очекуваме веројатно тие да се променат. Фуере сам ќе си замине ако му кажеме дека ЕУ не ни е прифатлива. Што се однесува за сексуалната ориентација реган не е во право(како и за нападот на Ирак) , Бискупите паѓаат заради други сексуални застранувања.
Од: petre
Датум: 27.04.2010 08:56:49
Vreme e gospodinot Fuere da si zamine od drzavata.Neka ne ostavi sami da si gi resavame rabotite.Ova e makedonija i za nastrani luge ne se nosat zakoni.Vladata znae sto pravi.Vo Evropa ako sakaat neka gi velicaat homoseksualcite i prostitutkite.
Од: Hristina
Датум: 27.04.2010 09:24:57
Gospodinot Fuere gi pocituva zakonite na EU i posebno e zagrizen da se implementiraat vo Makedonija. Negovata najgolema griza e zakonot za nediskriminiranje, osobeno zagrizen za pravata na homoseksualcite a go zaborava najgolemoto pravo covecko, pravo na sopstven identitet . Ke go cueme li ednash dodeka,, tolku ja saka Makedonija,, da go zashtiti naseto pravo na identitet vo EU od koja e ispraten da ne nabljuduva ili toj zakon e pomalku vazen od toj za homoseksualcite.
Од: Feudalec
Датум: 27.04.2010 09:44:44
Feudalizam, feudalizam e z golem del od nabildanite partiski vojnici.
Од: od mene
Датум: 27.04.2010 09:55:47
Fuere go home!
Од: makedonec
Датум: 27.04.2010 10:10:07
Koj e fuere??
Од: Никола
Датум: 27.04.2010 10:24:06
Фуере го менува оружјето за напад врз Владат според потребите. Премиерот го кажува својот личен став по одредено прашање, од исклучителна сензитивна природа, Фуере Владата ја ракетира со боеви глави......., небаре му зависи фотељата во Македонија. Којзнае, можеби и му зависи....
Од: Od Feudalnata despotija
Датум: 27.04.2010 11:22:34
Do Kratovaliev , ohoho, i Petre. Fuere e tuka po sluzbeno dolznost, bidejci nie sakame da se pridruzime kon golemoto evropsko semejstvo. Za da nekoj te primi vo svoeto semejstvo treba da gi naucis i prifatis barem osnovnite normi na odnesuvanje. E tokmu za toa e tuka Fuere da ne nabljuduva i usmeruva kon celta kon koja sakame da dojdeme. No um so inka ne se tura, posebno vo "portokalovi mozocina" Ako ne sakame vo EU ,se otkazime od tie aspiracii , i si sakame da ostaneme " crna dupka" ili zatvoreno trlo vo Evropa ,Fuere samiot ce si zamine. Nemojte da mislite da e tolku zelen da ostane da zivee vo ovaa feudalna despotija narecena Makedonija
Од: Itar Pejo
Датум: 27.04.2010 11:23:36
Nasava vlada predolgo go tolerira ovoj Fuere. Enver Hodja nemase ni da go primi!
Од: jas
Датум: 27.04.2010 11:25:52
uspehot i reformite se edna rabota a imeto e druga rabota!!!! neka ide fuere da se preimenuva vo stole i nie ke se vikame serverna ili kakva i da e...
Од: Komentator
Датум: 27.04.2010 11:55:29
Poleka ...poleka gospodine Fuere..verojatno malce poveke se vcrvivte od onaa bocva na ohridanite..pa udirate na slepo...Koga javno mene ..i na sekoj Makedonec ke mu kazete deka ima pravo na svoeto ime i indetitet a vo spalna neka pravi sto saka ..togas ke ve pocituvame..vaka gospodine i kucinjata vo Vasata drzava imaat poveke prava ..mislam im gi davate iminjata po pedigreto zasluzenoto ...a nas ne vrzavte vo gordiev cvor koj ako sakate gospodine so pravda i vistina ke go presecete za eden sat...!!!
Од: вераг
Датум: 27.04.2010 12:30:06
прочитав доста глупи и националистички коментари во стилот кој е тој Фуере па да ни кажува што да правиме. Тој е преставник на ЕУ и негова работа е да гледа и да не советува како да се приближиме до ЕУ стандарди. Дали сакаме во ЕУ? Ако сакаме мора да ги усвоиме нивните стандарди затоа вакви какви што сме не сме за Европа.
Од: Дете бегалче - во сопствената земја -До:nacional-patriot:
Датум: 27.04.2010 12:45:26
Поголемиот дел „патриоти“заборавиле каде се наоѓаат!Господата Фуере и Рикер се само Старатели на Инфантилната „многу силна“и „преумна“ власт!Конците на Марионетата Пинокио одамна се движат од задграничните„комитети“!Очигледно е дека си се занел во „чистотата“и во улогата на потомок на човекот без потомци!Како „нашиот“играорец од Австралија!Погледни ги топонимите на Градовите во МК.Тие самите говорат доволно силно за „античката“чистота!Во меѓупросторот на Аце и денешнината лежат повеќе од 2 милениума!Меѓупростор,низ кој минувале и Германи,Франки,Англосаксонци,Саси,Кумани,Хазари,Авари,Унгарци,Селџуци,Османлии...Но ти си тој кој дојде до заклучокот дека Македонците биле исклучиво Чисти Татаро-Бугари!Иако,поголемиот дел од Бугарите се Изјаснувале како Јужни Словени,па никому во Бугарија не му текнало да ги прогласи за Србомани!Теророт-BMRO е врежан со Крвави Слова во нивната Историја!Повеќе од сигурно е дека „Светските историчари“си ги читал исклучиво во „чист наш антички“превод (за деца)!
Од: eu
Датум: 27.04.2010 13:12:44
na sto se gordete be makedonco na bedata vo koja ziveete ili pardon vie tuka sto davate komentri ste buzdetari vie ne znaete sto e stvaren zivot vo makeonija,fuere misli da ve izvadi iod beda videte samo napis denesen za psihtt biolnici.....antika e grcka a i imeto treba da sme blagodarni sto i toa ni dozvoluvat tuka na zapad site ce glasat za severna ili nova samo makedoni da vleze vo eu.
Од: ZajkoVelas
Датум: 27.04.2010 13:48:20
ЗНАЧИ, БИ СТАВИЛ ПРЕДЛОГ НА РЕФЕРЕНДУМ СО ИМЕ: “Северна македонија“. Фала многу! (?!) А што значат границите на Република Македонија? Та нели не името, туку ГРАНИЦИТЕ ја означуваат една држава, која и до каде е? Што не им е јасно на оние во Грчката влада? Што не и’ е јасно на ЕУ? Кој глуми лудило?
Влезот во НАТО и ЕУ колку и да е придобивка, исто толку е и обрска. За таква “придобивка“ НАЦИЈА не се коцка! Ако некои Срби и Бугари пишуваа во првата четвртина на 20 век дека сме ТЕСТО за месење, тоа не значи ништо, оти тоа не беа изјави на Македонци. А во 21 век да не’ враќа некој во 19,е неприфатливо. Мора да се опстои на идентитетското име, а не да се остава впечаток дека и самите не знаеме кои сме и што сме. И онаа песната што се пееше дека не сме знаеле кои сме и што сме, е од пропагандните центри за разнебитување на Македонија и Македонците. Секогаш сме знаеле дека едноставно и просто сме МАКЕДОНЦИ, само не сме имале гласност, односно позиција, односно власт да кажеме кои сме и што