Специјална програма на Би-Би-Си за годишнината од смртта на Тито
Национализмот во поранешна СФРЈ е последица на Уставот од 1974 година, вели Раиф Диздаревиќ
Од нашиот дописник Томислав Ивановски
ЛОНДОН - Семето на национализмот во поранешна СФР Југославија беше посеано со новиот Устав на земјата од 1974 година, изјави за Би-Би-Си поранешниот сојузен шеф на дипломатијата и подоцна член на федералното претседателство Раиф Диздаревиќ.
Според мислењето на овој поранешен висок функционер од БиХ, Уставот донесен во времето кога се' уште беше жив и на власт Јосип Броз Тито, ја разлабави дотогашната цврста федерална структура, без притоа да се извршат неопходните економски реформи.
Тоа Диздаревиќ го оценува како грешка и му забележува на поранешниот партиски и државен лидер, затоа што во новите услови политичарите во побогатите тогашни републики бргу почнаа да „собираат гласови“ и да бараат и да добиваат поддршка, постојано прашувајќи ги гласачите во своите средини, зашто тие би требало да ги субвенционираат и понатаму посиромашните и економски помалку развиените југословенски републики. Овој некогашен сојузен и републички функционер тврди дека кога тогашниот државен врв на СФРЈ се одлучил да изврши децентрализација на земјата е направена грешка што не и' беше дадено повеќе време на економијата да се зацврсти и да се реформира за новата ситуација.
Изјавата на Диздаревиќ е дел од специјалната програма на Би-Би-Си, посветена на 30-годишнината од смртта на поранешниот лидер на Југославија Тито и од распаѓањето на земјата, до кој дојде многу сурово и крваво 11 години подоцна. Авторот на програмата е Мартин Бел, поранешен дописник на Би-Би-Си од Балканот и од војните на територијата на поранешната федерација. Тој вели дека три децении по смртта на Тито на просторот на поранешна СФРЈ се' уште има поделено мислење околу неговата вина за крвавиот расплет при растурањето на државата, за која овој угледен британски новинар забележува дека некогаш имаше поголем респект во светот од нејзината физичка големина, беше еден од лидерите на неврзаното движење и успешно балансираше меѓу политички и идеолошки поделениот Исток и Запад.
Авторот забележува дека најдобар доказ за тој респект е што на погребот на Тито присуствуваа лидерите од цел свет, но дека сонот за заедничко живеење и за единство се растури набргу, во напливот на национализам. Би-Би-Си во својата програма открива дека, сепак, по се' она што се случуваше „се' уште има Срби, Хрвати и Босанци, како и некои други“ што себе си се нарекуваат „југоносталгичари“, па се оценува дека шансата за надминување на состојбите што настанаа во годините по Титовата смрт се гледа во амбициите на земјите (републиките) каде што се војуваше во 90-тите години од 20 век, но и кај сите другите од поранешната Југославија, за интегрирање во Европската унија.
Сегашниот сон за влез и членство во ЕУ може да помогне за задушувањето и за елиминирањето на национализмот, како и за враќањето на чувството за „национален простор“ што исчезна по смртта на Тито и по растурањето на некогашната федерација, заклучува авторот Мартин Бел во програмата на Би-Би-Си за некогашна СФРЈ.
Tito bese i ke ostane uste dolgo vreme edna od najgolemite licnosti od ovie prostori.Kolku i da ja omalovazuvaat negovata "diktatorska drzava" Yugoslavia,sepak taa drzava bese DRZAVA, i sekoe sporeduvanje so denesnive 6-7 kolonjalni drzavicki sto nastanaa od taa Yugoslavija,e izlisno i nepotrebno.20 godini se spomnuvaat nekakvi si prugi, koridori, a ne uspeaja ni eden most od seto toa da napravat, a kamoli avtopat od tipot na "Bratstvo i Edinstvo"(1200km) Hidrocentralite Gerdap.. i da ne nabrojuvam za da ne gi iziritiram isfrustriranite demokrati, koj koga odat na soping vo Solun, neka barem se setat deka vozat po patot koj im go izgradi Tito. Barem dupkite neka gi zakrpat. Ili cekaat NATO da im dade pari i za toa.
Од: Oskar.
Датум: 27.04.2010 10:07:19
Dobar i realen tekst. Mislam deka SFRJ so nisto ne go zasluzuva tretmanot koj denes go ima vo PM. Denes vo Makedonija i posle 20 godini samostojnost ne mozeme da gi dostignme pridobivkite od vremeto na SFRJ. Neblagodarno e J.B.Tito poveke da se pocituva na Zapad pa i vo Slovenija otkolku vo Makedonija.
Од: makedonka
Датум: 27.04.2010 10:12:50
Jugoslavija bese drzava so temel!!
Drzava na 24 milioni ziteli, pocituvana i poznata niz cel svet. Taa bese tvorba na Tito sto nekoi go plukaat. Najgolemiot del od objektite sto sega se prodavaat, se izgradeni vo titovoto vreme i bea sigurno rabotno mesto za iljadnici socijalno zgrizeni rabotnici. Rabotnicite vo titovoto vreme mozea da gradat kuki, a sega??
Од: nekoj
Датум: 27.04.2010 10:42:57
e ne ke napravat za Gruevski! tuku koj znae moze eden den i za nego-"Kako Makedoncite se samo potonaa" ... "Uspesniot manipulator na naivni" Bravos i toa e uspeh, ne?
No kako sto gledas Gruevski ni ima i poinakvi :D Eden den ke se sredi sepak i Makedonija ke bide del od evrospkoto semejstvo, a brankovci i gruevci ke si odgovaraat spored site zkoni i pravila. Nemoj da mislis deka ke se izvleces :D Pravdata stignuva kaj i da e, ne?
Од: Maca
Датум: 27.04.2010 10:54:13
Da TITO bese i ke OSTANE -TITO. Zalam za generaciite sto ne go poznavaa. Ako ne priznavaat odredeni licnosti ama za nas Makedoncite napravi mnogu. Vo pravo e Jovan se sto se ima napraveno vo Makedonija e vo toa vreme. Kade e sega vlasta da napravi nov pat, nova bolnica, novo skolo,novo ....se se razrusuva zalosno kako sto se razrusuva i nasata Makedonija stvorena vo vremeto na TITO
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 27.04.2010 11:55:57
Зарем толку долго му требаше на Раиф Диздаревиќ да дојде до истиот заклучок со „главниот“ дежурен „виновник“?!Па тој од почетокот тврдеше дека Уставот од 1974 е Катастрофа и дека со него се Урива Југославија!
Од: aco
Датум: 27.04.2010 12:00:48
Sto toj izgradi ovie novive politicari nemozat toa ni da go prefarbaat
Од: Rezil
Датум: 27.04.2010 12:48:04
Rezil e voopsto da mu se dava i gram uvazuvanje ili pozitivna ocena na ovoj uzurpator na site sega 7 kolonii kako sto gi narekuvate. Jugoslavija bese najgolemata greska na istorijata na ovie prostori so amin na evropa.
Од: maain
Датум: 27.04.2010 15:15:10
Ustavot 74ta i smenata na Rankovic ja razbija Jugoslavija na steta na site nejzini gragjani.Sega sme vo faza na latenten feudalizam i koj znae koga bi mozele da izlezeme od nea.Tito e istoriski ubedlivo najsilnata figura koja se pojavila na scenata vo Evropa i svetot voopsto.Koj toa ne go gleda e slep,a koj ne go cuvstvuva Bog.Pravite vrednosti se efemerni i neumiraat.Denesnite patuvacki,vladejacki cirkusi i eliti se samo eden nebiten detal vo zivotot na ubieniot i osiromashen narod.Nema spas.Barem ne vo dogledno vreme.Do grob za TITO