Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Груевски не рече не за „Северна Македониjа“

Слободанка Јовановска

Чекор понапред или чекор поназад е сега Македонија во однос на преговорите за членство во Унијата? Ги блокираше или не премиерот Никола Груевски преговорите со Грција со изјавата за референдум околу името „Северна Македонија“? Ја нацрта ли тој, конечно, македонската црвена линија или ни покажа црвена, но испрекината? Се изјасни ли, конечно, Груевски за името „Северна Македонија“, како што од него бара меѓународната заедница, или само се изјасни против неговата примена надвор од досегот на референцата?

Од сите овие прашања јасно е дека премиерот Груевски и' фрли јадец на јавноста во Македонија, давајќи изјава со многу непознати, што може да ја чита секој како што сака. Тој, конечно, одговори на барањата во земјата да ја каже поконкретно својата преговарачка позиција, но и да и' реплицира на Атина, која агресивно ја турка својата преговарачка платформа, овој пат и на наша територија. Иако повеќето коментари во јавноста се дека Груевски ги закопа шансите за компромис, многу поверојатно е оти премиерот првпат ја протна во јавноста можноста да прифати промена на името на Македонија т.е. „Северна Македонија“, а да не се забележи тоа. Имено, како и да се чита неговата изјава за Сител, во неа тој категорично не најави дека е против името „Северна Македонија“, туку дека е против името „Северна Македонија“, но „за севкупна употреба“. Да беше обратно, доволно ќе беше да каже дека е против името „Северна Македонија“, а вака додека сите се занимаваа со тоа дали ни се засегнати идентитетските прашања и до каде се одат грчките барања, името на државата стана тема од второстепена улога.

Притоа впечаток е дека Груевски не е толку наивен играч колку што изгледа, оставајќи и' на Атина да ја подготви за компромис јавноста во Македонија, место тоа да го направи сам, како премиер на секоја одговорна држава. Практично веќе со месеци сите детали околу преговорите се пласираат од грчки извори, а реакциите на јавноста ги следат властите во Атина, но и нашите од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ. Колку поригидни се грчките ставови, толку е поголем просторот на премиерот за отстапки пред јавноста во Македонија, па по сите оние нонсенс барања што ги изнесоа грчките невладини експерти финансирани од владини пари, Груевски нема што да се правда, и да прифати и да не прифати промена на името на Македонија. За волја на вистината, да излезеа македонски експерти со такви анализи и барања кон друга нација, како што направија Александрос Маљас, Евангелос Кофос и Танос Веренис, ќе доживеаја ист медиумски линч како авторите на фамозната македонска енциклопедија, но толерантноста кон туѓиот национализам во Македонија е зачудувачки растеглива во однос на нашиот национализам дома.

Нивниот настап потврди не само дека грчката позиција околу спорот останува иста, која влада и да е во Атина, туку и тоа дека Папандреу е поопасен преговарач од Караманлис, бидејќи се користи со сите средства, а ги пакува во убава европска реторика. Хендикепот на Папандреу е што еднаш тој и експремиерот Симитис беа блиску до договор за спорот што го посакуваше Атина, па сега би се издевалвирал политички ако отиде подалеку од тоа што еднаш се чинеше дека му успева. Неговиот втор хендикеп е што не сфаќа дека актерите се сменија во Македонија и оти купувањето решение што му успеваше во времето на Љупчо Георгиевски и Васил Тупурковски, сега тешко може да го повтори на македонската политичка сцена. Предноста, пак, на Папандреу е што во моментов на европска сцена тој важи за умерен, а Груевски за националист, но ако продолжи со вакво ширење на нерационални барања може да го изгуби тој адут и да се најде на втората страна од приказната за спорот. Овој преговарачки блиц-криг преку медиумите последниов викенд покажа дека јуни не ни е на дофат, дека формални преговори во моментов нема, но оти Македонија и Грција го пишуваат следниот предлог на Нимиц без да му се јават на мобилен, а температурата околу спорот е многу висока.


#
Статијата е прочитана 2844 пати.

Испрати коментар

Од: Ендер
Датум: 27.04.2010 00:09:03
Зошто нашите предавници капитулираат однапред? Одиме да преговараме за опсегот на употреба на новото име? Значи однапред сме прифатиле да се смени името. Треба да го проучиме ирскиот пример. А и да го потсетиме Фуере на тоа. Пред 80 години Велика Британија инсистирала Ирска да се вика Јужна Ирска, но тие инсистирале на Република Ирска. Денес во уставот на Ирска пишува само Ирска, без она Република, и тие денес инсистираат да бидат ословувани само со Ирска. Па, на пример, под толку посакуваниот компромис може да се разбере нешто и вака: 1. Името ни останува Република Македонија, и ние прифаќаме дека нема некогаш да си го смениме уставот и да бидеме и да инсистираме на името само Македонија. 2. Им простуваме на грците и од нив нема да бараме воени репарации за штетата што ни ја предизвикаа во последниве 20 год. со водењето на специјална војна.
Од: senegal
Датум: 27.04.2010 00:19:43
a koja linija ja podvlekoja branko i kiro vo BJRM kakva bese taa? crvena zelena zolta? Daj sveste te se ednas bre ne se sluci pred 200 godini toa daj uklucete go malku mozokot neka ne e na off sekogas
Од: nekoj
Датум: 27.04.2010 00:28:36
Gruevski lupa gluposti nebare e dete a ne premier! Se odnesuva nevkusno, so provociranje, so zamki za sopstveniot narod. OVa sto go pravi-nie neopredelenite-ne mozeme da mu prostime. Misli li deka ima pravo da ja unistuva Makedonija kako sto ke mu tekne? Deka ima pravo da se ponasa idiotski a pritoa go plakame da bide Premier? NE!!! KE SI ODI!! Itoa so pomos na EU. DA vmro-ovci vreme e Gruevski DA SI ODI!!!!!!!!!!!!!
Од: nacional-patriot
Датум: 27.04.2010 01:20:17
Neodamna premierot izjavi deka dvojnata formula e stavot na vlasta.Samo za Atina edno,a za svetot i megunarodnite organizacii imeto Makedonija.Zatoa Slobodanke ne baraj vlakno vo jajceto.
Од: Od Majstorot
Датум: 27.04.2010 02:20:53
Nie nisto vo tova ne gubime samo uste nekoj den go prodolzuvame zivotot na Makedonija nikakvo Ime za pomocano EU ...
Од: oxox
Датум: 27.04.2010 03:40:49
Znaci kolku moze covek nisko da padne spremen da si go smeni imeto za vlast...PATETICNO
Од: pameten
Датум: 27.04.2010 05:40:19
Severna Makedonija e kjorsokak, no sushtinata na sporot ne e vo Sevrrna ili Juzhna. NE e i vo samiot zbor Makedonija, toku dali toj da se preveduva Macedonia (Macedoine, Mazedonien). Nema da bide navreda ako na pososhite e napishano Republic of Makedonija, koja shto ochigledno NE e reinkarnacija na antichkoto "Kingdom of Macedonia". Ne e sramno da te narekuvat kako shto sam se narekuvash. Sporot kje se reshi prekonokj, koga se odkazheme ot pretenzii za Antichkoto carstvo i so pomirime so nashata vistinska Sloveno-Bugarska, potoa Makedonska istorija.
Од: Vodno
Датум: 27.04.2010 06:59:38
Do Nacionalisticjki patriot od DPMNE. Se povikuvate vie od DPMNE na istorijata a ta veli: Republika Makedonija se naogja na Severniot del od teritorijata Makedonija 39%, a nacionalnata svest na lugjeto sto ziveele vo na ta teritorija bila ili srbi ili bugari. VMRO vo toj period bili Bugarsko, Goce bil bugarski egzarz , ako ne veruvate, babite i dedovcite go velea toa. Golema Blagodarnost na TITO sto ja sozdade svesta kaj ovioj narod i imetO Severna e OK, no kako bi vladeel Firerot Makedonski ako ne so lagi manipulacii. Idnina a ne minato.Familijata misli na idnina so bogatstvoto vo Ceska????
Од: Трпе
Датум: 27.04.2010 07:55:58
Што е важно како работи нашиот ни мил племиел.Неговиот метод на работа ПУ,Пу.пу не важи ке влезе во новата македонска историја.Времето ке каже се за времето на неговото владеење.А што е важно како живее обичниот граганин.Што си одбра тоа треба и да си го трпи.Или треба трипати од зид да си ја чукне главата.Па можно е и нешто да разбере од ова што желби има нашиот ни бладетел.
Од: Marsovec
Датум: 27.04.2010 08:11:25
Народот е на крај на економската егзистенција, абез економска нема и секакви слободи. Затоа давајте на луѓето теми за кои, ќе се закачат као риба за јадица.Неуспешни сме, ни паѓа рејтингот, дајте со изјави да го кренее.Ќе кажуваме отсега се што сака да слушне народот.Тоа е најлесно, важно да не требе нешто да се одработи, бидејќи и покрај фамозното 24/7 на владата ништо што знаци подобар живот на граѓаните не сработе освен што си ги вработи партиските војници кои сега урлаат за да ја сочуваат состојбата каква што е.Седи дома - немало столчиња за нив и работи за партијата.Срамота и ужас се случува во Македонија.Престанете со манипулација на чесните граѓани ( и наивните). ТОТАЛИТАРИЗАМ ( кој се инсталира ), НЕ!!
Од: novoselec
Датум: 27.04.2010 08:39:37
Zosto nekoj bi bil nacionalist ako si go branisvoeto? Nacionalismot e negativen ako ubivam pripadnici na druga nacija vo imeto na mojata. Ne vrtete gi tezite Slobodanka. Procitajte makar delce nekoj feljton makar za decata od Egejska Makedonija. Grcite ubivaa vo imeto na svojata nacija
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.04.2010 09:11:51
Комични се изјавите на затечените со гумарабика однесување.Прво нема црвена линија,па сега кога има ,,ова е потврда за тврдиот СТАВ,,па не рекол негов предлог за името и т.н Со изјава да не се прифаќа ерга омнес за името и плус референдум се соголе никаквата виножитна позиција.Тврдеа да досега има над 10.000 нови члена плус стотина само на роденденот.Ваму уплашени одбиваат да гласаат на ,,пропаднат референдум.Јасно и гласно признаваат да народот е со власта за името,и го препознава славното гумарабика однесување.
Од: mkd
Датум: 27.04.2010 09:12:45
Po mene Gruevski PAMETNO igra. Makedonija veke ima tuzba vo medjunarodniot sud koja e Obvrzuvacka a koja 99% Makedonija ke ja dobie. Namesto da ja gubi energijata na Grckite zelbi neka LOBIRA i postavi baza da taa presuda moze uspesno da ja efektuira preku SAD i nekoi poznacajni EU zemji.
Од: Nikola-Vlav od Germanija
Датум: 27.04.2010 09:22:04
Izjavata na Gruevski e zacuduvacka,zosto nema logika kako vlast da raspisuva referendum,pa da bide PROTIV postavenoto prasanje!No sustinski gledano,go delam mislenjeto na Premierot:DA za Kompromis kako zamena za "FYROM";dodeka NE za SEVKUPNA MEGJUNARODNA upotreba!Jazikot,Kulturata,znaci Idenitetot,MORA(!) da ostanat MADECONIAN,a nikako "Makedontsi/Makedonski" bez moznost za prevod!Ako Makedoncite bi se soglasile so resenie po GR-zelba,togas neminovno vo najmala raka ke stanat predmet za potsmev vo regionot,a i posiroko;da ne zborime za Agitacijata vo sosedni zemii,znaete na koi mislam!Vladata ja ima mojata moralna podrska ako se izbori za sekoe resenie koj ne go negira Makedonskiot Identitet po moznost,toa da ne nema i posledici za zemiite sto ja priznaa MK pod ustavnoto ime!Najvazno e sega,MKskite Politicari da dogovorat ZAEDNICKA NACIONALNA Strategija po ovoa bitno prasanje,bidejki samo taka ke se zajakne pozicijata na MK!MAKEDONSKI Pozdrav od Germanija
Од: Toni
Датум: 27.04.2010 10:20:02
Se slozuvam so Ender. Do kolku Makedonija se prekrsti vo Severna Makedonija, togas kako ke se narekuva severna Grcija koja sega ponovo go koristi imeto Makedonija. Logicno e da ako se ima sevrna bi trebalo da postoi i juzna. No izleguva deka Grcija saka da go zadrzi ekskluzivitetot nad imeto Makedonija i da go koristi koga i kade ke i odgovara.. Vladata na RM togas ke mora da go rascisti i toj aspekt. Grcija e "rak" za EU, i im e dosadena so svoeto odnesuvanje, nie ke treba toa da go iskoristime.
Од: mene
Датум: 27.04.2010 10:46:44
Dosega slusavme crveni linii samo od grcka strana ,a koga nasiot premier ja zagatna nasata makedonskata javnost se podeli.
Од: ?!
Датум: 27.04.2010 12:05:29
Луѓе,дај да се смиреме малку..Добро ни велат и пријателите.Па ова не е 48-та
Од: taip abdula-turk(mk)
Датум: 27.04.2010 12:09:24
Jas ne znam samiot koj na vas vi dal mesto vo Utrinski vesnik da komentirate.imate golema greska vasiot vesnik ne treba da bide edno partiski opredelen nego da bide vesnik za site citateli. Da bideme realni nitu celnicite na SDSM nitu VMRO do sega imaat izjaveno deka RM vo idnina bi trebalo da se vika Grcka severna makedonija ili pak "golema bugarija"ili pak izmislena vo son na nekoji "golema albanija" toa se gluposti jas znam edno deka poveke nema vojni i promena na granici na Balkanot. Resenieto e da se mobilizirame site gragjani na RM(mak.alban.turci) i da ja podrzuvame vladata vo problemot so ustavnoto ime RM. Topurkovski i L.Georgievski se politicari od minato vreme koj nikoj ne im veruva nego samo da odgovaraat za svojite dela pred zakonot na RM.
Од: gulab pismonosac
Датум: 27.04.2010 14:05:18
Makedonskiot narod ednas mora da sfati.deka cel svet ja poddrzuva Grcija zaradi silinata na argumentite,a ne deka e posebno silna i aftoritetna.Osven naseto pravo na samoopredeluvanje,site drugi istoriski i geografski argumenti se na stranata na grcija.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
стил 482
„Бумеранг“ по своја глава
Владата милува да се задолжува кај Светска банка
Исланд - природата е главна
Избирачкиот список стана државна тајна
Специјална програма на Би-Би-Си за годишнината од смртта на Тито
ВМРО-ДПМНЕ ја смирува топката по референдумската бура
Груевски ја чека дозволата од Грција
Жените што претендираат на „кафезот“ во Даунинг стрит
Сигнали на нервоза
Домашна ТВ-серија е како домашна храна
Македонија е Шутка - тепајте!
Ерван Фуере распали по Владата
Големиот тлеечки оган од срцето на Земјата
Десницата во Унгарија доби двотретинско мнозинство