Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Десницата во Унгарија доби двотретинско мнозинство

Орбан може да ја формира првата некоалициска влада во 20-годишната посткомунистичка историја на земјата

БУДИМПЕШТА - Следниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, во неделата изјави дека гласачите изведоа „револуција“ со тоа што обезбедија двотретинско мнозинство во парламентот за неговата партија, за да ја крене на нозе Унгарија, која беше на раб на финансиски колапс. По пребројувањето на речиси сите гласови од вториот круг, централнодесничарската Фидес освои 263 места, повеќе од 258 места што се потребни за обезбедување двотретинско мнозинство, поразувајќи ги социјалистите по осум години и обезбедувајќи мандат за спроведување реформи и оживување на економијата. „Денес се случи револуција на гласачките места“, изјави Орбан пред околу 4.000 симпатизери во центарот на Будимпешта. „Унгарскиот народ денес го собори режимот на олигарсите што ја злоупотребија својата моќ и народот воспостави нов режим, режим на национално единство“.

Фидес последен пат беше на власт меѓу 1998 и 2002 година и Орбан сега може да ја формира првата некоалициска влада со двотретински мандат во 20-годишната посткомунистичка историја на Унгарија. Изгледите за силна влада, од страна на аналитичарите, се гледаат како позитивни за националната валута форинта и финансиските пазари во краткорочна смисла, но Фидес нема да ужива во долг меден месец.

Унгарија, која има историја на претеран дефицит, ги стабилизираше своите финансии со минатогодишните болни намалувања на трошоците. Со јавен долг што се' уште се движи околу 80 проценти од БДП, новата влада нема да има многу фискален простор за маневар и ќе мора да го постави долгот на деклинирачка патека. „Ако промените бидат имплементирани како реформа на општинскиот систем или се преземат длабоки реформи во даночниот сектор и пазарот на трудот ќе ја променат природата на фискалните приспособувања од замрзнувањето на трошоците... кон структурални промени што би поддржале долгорочна фискална одржливост“, посочуваат аналитичарите од „Голдман Сакс“. „Неуспехот да се имплементираат ветените реформи брзо ќе ја еродира довербата во новата влада и курсот на економската политика“.

Владините обврзници и форинтата забележаа закрепнување во последниве две седмици откако Фидес обезбеди мнозинство во првиот круг. Социјалистите ќе имаат 59 места во следниот парламент, додека екстремно десничарската Јобик ќе има 47 места. Зелените либерали ЛМП освоија 16 места врз основа на прелиминарните резултати. Обезбедениот мандат ќе му овозможи на Фидес да спроведе реформи како рационализирање на локалната власт и промена на изборниот закон, па дури и на уставот.

Исто така, ќе се овозможи полесно добивање на двојно државјанство за милиони етнички Унгарци во соседните земји, што може да доведе до тензии со Словачка, но и со некои други соседи. Фидес вети дека ќе отвори нови работни места, ќе ги намали даноците, ќе ја намали бирократијата за да ја оживее економијата. Тој, исто така, наведе дека сака нов договор со меѓународните кредитори, ММФ и со ЕУ, кои во октомври 2008 година ја спасија Унгарија од финансиски колапс. Договорот ќе заврши во октомври и Фидес најверојатно ќе сака да преговара за повисок буџетски дефицит за оваа година, за што аналитичарите велат дека ММФ најверојатно ќе го прифати само ако види јасен план за структурални реформи.

Унгарците, уморни од длабоката рецесија и стапката на невработеност што веќе 16 години е висока, ќе сакаат да видат подобрување во своите животи што е можно поскоро, а со оглед на тоа што локалните избори се закажани во октомври, Фидес ќе треба да направи некои симболични промени. Тој вети дека ќе го преполови парламентот и бројот на претставниците во советите, како и тоа дека ќе ја заузди корупцијата. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 303 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
стил 482
„Бумеранг“ по своја глава
Владата милува да се задолжува кај Светска банка
Зденко
Избирачкиот список стана државна тајна
Груевски не рече не за „Северна МакедониЈа“
Специјална програма на Би-Би-Си за годишнината од смртта на Тито
ВМРО-ДПМНЕ ја смирува топката по референдумската бура
Исланд - природата е главна
Жените што претендираат на „кафезот“ во Даунинг стрит
Сигнали на нервоза
Груевски ја чека дозволата од Грција
Домашна ТВ-серија е како домашна храна
Македонија е Шутка - тепајте!
Големиот тлеечки оган од срцето на Земјата
Ерван Фуере распали по Владата