Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Мајски саем на книгата во „Феникс“

Издавачката куќа „Феникс” во новоотворениот Клуб на книгата кај Универзална сала од 14 до 24 мај организира Саем на детски книги. Саемот ќе се одржува од 8 до 20 часот во сите работни денови, а ќе можат да се набават лектири, прирачници, детски книги, боенки, сликовници и други изданија по саемски цени со попуст од 30 до 80 проценти.

Во рамките на Саемот на детски книги ќе биде промовирано второто издание на книгата „На умните не им требаат скали за качување“ од Христо Петрески, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра детска книга, а ќе бидат промовирани и популарното издание „Книга за секое девојче“ и енциклопедијата „Научници кои го променија светот“.

На Саемот на детски книги ќе се изврши презентација и на Меѓународниот фестивал на детето од Шибеник, а гости на Саемот ќе бидат хрватскиот писател Томислав Маријан Билосниќ и бугарската поетеса Ката Ерменкова. (Н.П.)


Статијата е прочитана 147 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Веле Смилевски добитник на „Велја кутија“
„Автобуска постојка“ прогласена за најдобра претстава на „Лица без маски“
И етнолозите незадоволни од третманот на државата
Голем театарски панаѓур со „Троил и Кресида“
Во продажба влезниците за концертот на Пети Смит