Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Во продажба влезниците за концертот на Пети Смит

Легендарниот гитарист Том Верлејн ќе ја придружува Смит на концертот во Скопје

Од денеска во музичките продавници „Југотон“ и „Чув де Чув“, како и на билетарницата на Универзална сала, можат да се набават влезниците за концертот на њујоршката икона Пети Смит, што ќе се одржи на 10 јули во Скопје во рамките на „Оф фест“. Цените на влезниците се движат од 800 до 1.200 денари, во зависност од тоа во кој период ќе бидат купени. Од 12 до 31 мај ќе чинат 800 денари, од 1 до 30 јуни цената е 1.000 денари, додека од 1 до 10 јули ќе изнесува 1.200 денари.

Инаку, најсвежата информација поврзана со овој настан е тоа што како специјален гостин на концертот на Пети Смит во Скопје е најавен легендарниот гитарист Том Верлејн, фронтмен на некогашната култна њујоршка група „Телевижн“. Том Верлејн и Пети Смит се стари пријатели. Нивната соработка датира уште од времето на експлозијата на њу-вејв и панк-движењето кон средината на 70-тите години. Оттаму, воопшто не изненадува фактот дека Верлејн ја прифатил поканата на Смит да ја придружува, заедно со нејзиниот бенд, на сите јулски датуми што се дел од летната турнеја на Пети Смит.

Концертот на Пети Смит во Скопје претставува вонреден, дополнителен настан и големо финале на годинашново, осмо издание на „Оф фест“. (Т.И.)


Статијата е прочитана 130 пати.

Испрати коментар

Од: fan
Датум: 12.05.2009 12:42:11
Blagi boze, koj li ja izlaza da doagja vo ovaa vuko....bina! Moze shaka jada lugje znaat koja e taa.. Mora da ja ubedile deka pravi nesto za "third world country".

Најди! во Утрински
Култура
Веле Смилевски добитник на „Велја кутија“
„Автобуска постојка“ прогласена за најдобра претстава на „Лица без маски“
И етнолозите незадоволни од третманот на државата
Голем театарски панаѓур со „Троил и Кресида“
Мајски саем на книгата во „Феникс“