Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

И етнолозите незадоволни од третманот на државата


Македонска фамилија во почетокот на XX век. Фотографија од изложбата „Етничко шаренило во Скопје од крајот на 19 век до Втората светска војна“, презентирана во Музејот на град Скопје во 2005 година

Не може да се бара идентитетот пред 2.500 години, а да не се истражува што се случувало пред 100-150 години

Катерина Богоева

„Јас како етнолог и поранешен претседател на Македонското етнолошко друштво, навистина не можам да разберам како државата нема слух за важноста на етнологијата. Балканските држави, пред се нашите соседи, вложуваат неспоредливо повеќе во етнолошки истражувања отколку што ние било кога, тоа сме го правеле. Само за куса споредба: Србија дваесеттина година е во некакви војни, ембарга, бомбардирања, но во текот на сите тие години, нивната државата финансираше четири научни и стручни часописи од областа на етнологијата и антропологијата. Тука не влегуваат многуте проекти кои Србија ги одобруваше, а ги работеа наши колеги од Србија. Слична е ситуацијата и со другите соседи. Верувам дека на сите ни е јасно дека етнологијата е национална дисциплина и дека тука до максимум се вклучени матичните држави. Како што сега стојат работите, тоа само на нашата држава не и е јасно. Не станува збор само за актуелното раководство на државата. Ниту една од претходните влади не покажа доволно интерес за етнолошки истражувања кои би работеле на етнолошки прашања од доменот на македонскиот етнички и културен идентитет. А за земање во обзир на научните и стручни сознанија при градењето на развојни политики не станува ниту збор. Никој, освен понекој новинар, во нашата држава не побарал стручно мислење кога се во прашање етнички/етнолошки прашања и проблеми. Можеби размислувајќи како етнолози, не сме секогаш на линија со актуелните дневно-политички интереси на властите, но тоа најмалку треба да е причина за ваквиот однос на државата кон многу горливи прашања од етнологијата“ - потенцира етнологот Мирјана Мирчевска, професор на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, запрашана деновиве, по одржувањето на годишното собрание на Македонското етнолошко друштво за состојбата во која се наоѓа денеска етнологијата во земјава.

И неј��ините колеги со години наназад посочуваат дека не смее да се маргинализира етнологијата, дека не се земаат во обзир добиените сознанија што се сметаат за важни во оформувањето на сликата на етничкиот идентитет на населението. Споменатото друштво во изминатите четири години, поради недостиг на пари ги сведе активностите на минимум. Можниот излез од состојбата се бара во негова реорганизација, во нова стратегија за работа и обезбедување средства и преку спонзорства и од странски извори.



„Државата не вклучува етнолози во проекти за истражување на етногенезата, на идентитетот на народот. Не може да го барате идентитетот пред 2.500 илјади години , а да не се истражува она што се случувало пред 100 -150 години“, вели новоизбраниот претседател на Македонското етнолошко друштво Зоранчо Малинов од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Посочува дека и во Институтот, веќе не се финансираат проекти за етнолошки истражувања. Прави споредба со соседните земји и во реализација на проектите на локално ниво, посочувајќи дека и за развој на селски туризам кај нас најчесто етнолози не се ангажираат.

„Затоа назадуваме. Сеуште во земјава немаме ниту еден етно - парк, за еден во Берово постоеше и иницијатива пред 20 години, а археолошки ископувања има на секој чекор“.

„Не се пишува етногенеза без етнолози“, укажуваат и етнолозите од Музејот на град Скопје, Татјана Ѓорѓиовска и Славица Христова, правејќи споредба со интересот кој на етнологијата и се посветува во другите земји. „Во Србија веќе е завршен голем проект посветен на културниот идентитет и сега колегите ги издаваат добиените резултати. Ние добиваме малку средства за откуп на материјалите што ги истражуваме, малку за печатење, како да се нема слух за актуелниот политички момент“.



Последниот симпозиум на Македонското етнолошко друштво е одржан во 1997 година, а за проблемите дел од сегашните членови се обвинуваат и самите себе. Сметаат дека не успеале да се снајдат добро во транзицијата, во обезбедување средства за работа, во свртување на вниманието на политичките структури. „За финансирање на проектите на Друштвото, Министерството за култура долг период нема слух. Моравме да бараме средства и од други извори“ вели етнологот Владимир Боцев од Музејот на Македонија.

„Најпрецизен одговор за причините што доведоа до споменатата состојба со етнологијата најверојатно би добиле доколку го побарате од државата“ вели Мирјана Мирчевска, која не се сложува со одредени мислења, дека и во незаинтересираноста на етнолозите лежи причината за недоволно презентираните сознанија до кои самите доаѓаат во јавноста. „Напротив, владее интерес за објавување, но финансирањето за печатење на прилозите е нешто околу што треба да се ангажира актуелното раководство во државата. Многумина од нас, имаме во своите фиоки материјали кои доколку се одобрат средства за печатење, веднаш би ги понудиле. Вака, ако знаете дека собраниот теренски материјал, кој патем речено сте го финансирале од својот џеб, нема да може да се објави, ве става во дилема зошто би се ангажирале кога тоа и онака не може да се објави.



Последниот број на Етнолог, бр 11 за чие печатење имаме писмена одлука дека ни се одобрени средства, откако беше отпечатен и однесени (и примени) 10 примероци во Министерството за култура, никогаш не беше платен со средства од Министерството, бидејќи истите никогаш не стигнаа на сметка на Друштвото. Во последните 5 години, МЕД не доби ниту еден научен или стручен проект, иако на секој конкурс од Министерството конкурираше. Кога е таков третманот на вашата професија, тогаш доаѓа и до делумно опаѓање на ентузијазмот. Особено кога гледате како оние околу вас, се грижат за сопствениот етнички идентитет“.

Мирчевска потсетува дека секогаш етнологијата била ставана во некаква функција со државните интереси. „За пример ни служат книгите кои се од доменот на македонскиот народен живот, објавени на српски или бугарски јазик во период кога Македонците живееле во состав на тие држави. Токму тие биле и најголемите финансиери на истражувањата и на објавувањето на собраните материјали“.



Вели дека за подобрување на состојбата треба да се одобруваат проектите кои се национални. „Во спротивно, само „другите“ ќе истражуваат и објавуваат за нас, но многу често нивните гледишта не се исти со нашите и се на штета на македонскиот национален идентитет. Меѓународните проекти (со Словенија, Хрватска, Бугарија.....) кои тие држави веќе ги одобриле, треба да бидат одобрени и од нашите министерства, а не на одговор да се чека по неколку месеци, а многу често да не се добие никаков одговор.

Етнолошките трудови (магистратури и докторати) да бидат објавувани пред се на македонски јазик, но некои од нив и на англиски. Се надевам дека факторите кои се влијателни денес, ќе го разберат ова и ќе заземат позитивен став кон етнолошката наука и ќе ја сфатат нејзината важност за доброто на сите нас и на Македонија“.


Статијата е прочитана 322 пати.

Испрати коментар

Од: проф. Анета Светиева
Датум: 12.05.2009 10:40:07
Можам само да потврдам дека напишаното е сосема точно. Јас лично, како професор на Институтот за етнологија (сега пред пензија), сум огорчена и до крај разочарана од неукоста на нашата држава која врска нема дека етнологијата е една од најбазичните науки за секоја земја и народ. Тоа што се правело со етнологијата на нашиот Универзитет е брука за нас. Мргинализирајќи ја етнологијата, нашата држава повеќе од половина век работи во корист на својата штета.
Од: Студент
Датум: 12.05.2009 14:58:33
Професорке, студентите се разочарани од Вашиот однос кон нив и воопшто кон Институтот (под ова не мислам стриктно на Вас, туку на сите професори на Институтот). Си имате направено полу-приватна институција во која вработувате жени на професори, нивни другарки, кумови итн. Студентите тоа го знаат, го гледаат и сите се потсмеваме и се крстиме до каде може да оди човековата... !!! Да не зборуваме за проектчињата и за зачараниот круг во кој сте влезени. Дали вие како универзитетски професор, доктор на науки, некој кој треба да има најголема етичност во државата, личност која (треба да) служи за пример го одобрувате тоа што се случува на Институтот? Вашето молчење би го прифатил како потврда...

Најди! во Утрински
Култура
Веле Смилевски добитник на „Велја кутија“
„Автобуска постојка“ прогласена за најдобра претстава на „Лица без маски“
Голем театарски панаѓур со „Троил и Кресида“
Мајски саем на книгата во „Феникс“
Во продажба влезниците за концертот на Пети Смит