Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Голем театарски панаѓур со „Троил и Кресида“

Театарскиот проект на Љубиша Ристиќ, праизведба ќе има летово на еден од македонските плоштади

Тина Иванова

Систем од различни театарски прикази, од куклен театар до театар за деца, од Шекспир и Хамлет до опера и балет, од циркуски атракции до комедија дел арте, од изградба на голем тројански коњ до поставување на воени машини и камиони и, пред се', многу актери на сцената. Вака, истакнатиот српски режисер Љубиша Ристиќ го најавува големиот театарски проект „Троил и Кресида“ на Шекспир, кој својата премиера ќе ја има во јули, најверојатно во Битола. Темата на „Троил и Кресида“, всушност, е како да се живее во градот, како тој да се изгради и потоа - како да се сруши. Претставата, за која организаторот - Македонскиот народен театар, се' уште не ги соопштува точниот датум и местото на нејзината праизведба, ќе се игра во текот на летото на плоштадите во неколку македонски градови и ќе трае цел ден. Во Скопје, најверојатно, ќе дојде во септември. Најавена е како еден голем панаѓур, со симболи на античката традиција, односно на античкиот театар.

„Работиме претстава која во основата ја има ’Троил и Кресида‘, но се занимаваме и со Хомеровата ’Илијада‘. Нашата тема е европската војна што трае 3.000 години, од Тројанската војна до денес. Тоа е истата војна. Поточно, главната европска војна е како да се сруши и да се изгради градот“, рече Љубиша Ристиќ на вчерашната прес-конференција. „На плоштадите ќе дојдат автомобили, камиони, ќе има циркус и се разбира многу актери. Ќе го градиме Тројанскиот коњ, како и други животни. Ќе направиме, всушност, еден голем средновековен плоштад каде што ќе има претстава за деца, балет, опера, кореодрама, куклен театар, живи слики, ќе ги има Шекспир и Хомер... Ќе учествуваат повеќе од 70 луѓе - целиот ансамбл на МНТ, како и актери од другите македонски театри и голем број студенти од ФДУ“, најавува Ристиќ. Тој вели дека „Троил и Кресида“ ќе биде еден систем на прикази, па публиката, составена од намерници и, пред се', од случајни минувачи ќе има можност да се претопи во тие разни случувања. „Публиката ќе биде предмет на нашето истраж��вање“, рече Ристиќ.

Директорот на МНТ, Сашо Миленковски, вели дека за театарот е многу важно што Ристиќ повторно работи во Македонија. „Љубиша Ристиќ е еден од најзначајните театарски уметници кои ги познавам, но и човек што на посебен начин го одбележа театарското живеење во 20-тите години на просторите на бивша Југославија. Како еден од основачите на авангардниот КПГТ, создаде институција која успеваше да собере луѓе од цела ЈУ. Тој модел на реализација сакаме да го воведеме и овде во Македонија преку ’Троил и Кресида‘. За нас е многу важно што Ристиќ повторно работи во Македонија. Особено е важно за актерите кои ќе можат да видат еден друг репер и од кој ќе можат да извлечат корист“, истакна Миленковски.

Инаку, проектот ќе добие поддршка од Министерството за култура, локалната самоуправа на градовите каде што ќе се прикажува, како и од Стопанската комора на Македонија. И покрај тоа што „Троил и Кресида“ се најавува како голем проект, што подразбира и поголеми финансии, Ристиќ на новинарското прашање дали ќе биде ова најскапиот театарски проект, рече: „Овој проект го правиме како сиромашни кои се радуваат. Зашто, не чиниме ништо. Мојот хонорар на пример е 40 пати помал од оној на европските режисери. Ваква претстава на пример, не може да се направи во Франција или Германија, зашто навистина чини многу пари. Но, овде е тоа сеуште можно, се' додека не влеземе во ЕУ. Потоа, ништо нема да биде исто“, вели Ристиќ.

За визуелниот дел во претставата се задолжени повеќе уметници, меѓу нив и Валентин Светозарев како сценограф и Тихомир Спировски како костимограф. Во музичкиот сегмент, исто така, ќе учествуваат неколку музичари од различни музички сфери и музиката ќе се движи од џез, прогресивен џез, класика до рок. Меѓу музичарите се и гитаристот Георги Шаревски, клавијатуристот Симон Киселички, две пијанистки од Србија...


Статијата е прочитана 224 пати.

Испрати коментар

Од: perica
Датум: 12.05.2009 11:54:58
Spion, UDBAS, kriminalec,kvazi levicar od rakovotstvoto na JUL i prv sorabotnik na Mira Markovic i Slobodan Milosevic. Na takvi tipovi samo debilniot Saso Milenkovski moze da im dade da reziraat. A samo ideoloski i estetski totalno dezorientirana vlast moze finansiski da podrzuva takvi proekti. Ludje svestete se pa covekot vise ni u Grcija ne go pustaat da rezira!?

Најди! во Утрински
Култура
Веле Смилевски добитник на „Велја кутија“
„Автобуска постојка“ прогласена за најдобра претстава на „Лица без маски“
И етнолозите незадоволни од третманот на државата
Мајски саем на книгата во „Феникс“
Во продажба влезниците за концертот на Пети Смит