Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Пронајдени црните кутии од урнатиот ирански авион

Авионот експлодира при падот и од него останаа само расфрлани парчиња изгорен метал и остатоци од тела

ТЕХЕРАН - Пронајдени се двете црни кутии од авионот „туполев“ кој се урна во средата, при што загинаа сите 168 патници и членови на екипажот, објавија вчера официјалните медиуми. Причината за најстрашната авионска несреќа во Иран во последниве шест години не е позната, објави иранската телевизија Прес ТВ, која емитува програма на англиски јазик. Авионот летал кон Ереван, главен град на соседна Ерменија, кога се урна откако претходно се запали во воздух и падна 16 минути по полетувањето од Техеран.

Авионот од руско производство на „Каспијан ерлајнс“ експлодира при ударот и од него останаа само расфрлани парчиња изгорен метал и остатоци од тела на 153 пат��ици и 15 члена на екипажот на голем простор околу длабокиот кратер од кој излегуваше чад. „Иран ги пронајде двете црни кутии од патничкиот авион што се урна во северозападниот дел на земјата“, објави Прес ТВ. И други ирански медиуми излегоа со исти информации.

На веб-сајтот на Прес ТВ беше цитирана изјават�� на едно официјално лице дека двете кутии, кои би можеле да ги содржат виталните индиции што ќе го објаснат падот, сериозно се оштетени, но дека експерти се обидуваат да извлечат податоци од нив. Полуофицијалната новинска агенција Фарс соопшти дека властите се' уште трагаат по третата кутија.

Повеќето од патниците биле Иранци, но имало и ерменски и грузиски државјани. Заменик-министерот за транспорт, Ахмад Маџиди, изјави дека ќе биде потребно спроведување на ДНК-тестирање за да се идентификуваат останките. „Сите собрани делови од тела кои беа расфрлани во областа каде што се случи несреќата се предадени на канцеларијата на судскиот вештак во Казвин, а денес ќе бидат префрлени во одделот за судска медицина во Техеран“, изјави Маџиди, чија изјава беше цитирана од страна на Фарс.

САД, најголем непријател на Исламската Република, во средата упати сочувство до семејствата на загинатите. Вашингтон нема дипломатски односи со Техеран, но се обидува да допре до земјата како дел од напорите за да ја придобие за преговори околу нејзината спорна нуклеарна програма.

Со американските санкции се забранува продажба на авиони „боинг“ на Иран и се спречува купување други авиони или резервни делови од Запад, бидејќи повеќето од нив се со вградени американски мотори и делови. Експертите за безбедност во воздушниот сообраќај изјавија дека Иран има големи проблеми во ова поле, каде во последниве неколку децении се случија серија несреќи - во повеќето од нив беа инволвирани авиони од руско производство. Ова е трета катастрофална несреќа на „туполев Ту-154“ во Иран од 2002 година. Воедно е и со најголем број жртви од несреќата во 2003 година кога „илјушин Ил-76“, исто така од руско производство, се урна во иранските планини.

Осум членови на националниот јуниорски џудо-тим и двајцата тренери се меѓу загинатите, како и поранешен ирански парламентарец, кој го претставуваше ерменското малцинство во Иран, како и наводно сопругата на шефот на грузиската дипломатска мисија во земјата. Арсен Погосјан, заменик-претседател на ерменските цивилни воздухопловни власти од аеродромот „Ереван“, изјави дека шестмина ерменски и двајца грузиски државјани биле меѓу патниците. Во Иран живеат околу 100.000 етнички Ерменци и повеќето од нив честопати летаат на релација Техеран - Ереван за да ги посетат своите роднини. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 170 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Сите непријатели на Саркози
Бојко Борисов прифати да биде иден премиер
Баросо ќе биде избран пред референдумот во Ирска
Жртвите во Авганистан ги разбеснија Британците
Чешка бара ЕУ да воведе визи за Канада
Медведев згрозен од убиството на Естемирова
Мусави ќе се појави во јавноста на петочната молитва
Полета „Ендовер“ со седуммина астронаути
Почина најстарата родилка во светот